-20%
Gucci Flora Gorgeоus Gardenia Eau de parfum 50ml + лосион за тело 50ml
Original price was: 8.070,00 ден.6.460,00 денCurrent price is: 6.460,00 ден.
Gucci Flora Gorgeous Gardenia е ‘изграден’ околу ноти на цветот гарденија, обожаван уште од дамнешни времиња поради неговиот сјај. За него се вели дека се употребувал и во еликсири и магични напитоци. Црпејќи инспирација од оваа легенда и идејата за неговите мистични моќи, прекрасната бела гарденија е помешана со апсолут од сончев јасмин Grandiflorum.
Оваа слатка напивка на радост е претставена од весели и разиграни ноти на цвет од круша, додека нотите на кафеав шеќер додаваат деликатна сладост на нејзината мирисна трага.
Вметнат во ново, издолжено шише, лакираното розево стакло и сјајното капаче во златна боја, го прават овој мирис предмет на убавина.
Едно значајно дополнување во карактеристичниот Flora принт, но реосмислен со дизајн инспириран од визијата на Alessandro Michele. Клучен дел од идентитетот на Gucci, мотивот е слика од разнобојни цветови направена од артистот Vittorio Accornero, креирана за Gucci во 1966 година.
- За брендот
Gucci
Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожаидо почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во 1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.





