Gucci Guilty Absolu de Parfum Pour Homme
9.990,00 ден
Секој сладок грев има мирис. Кој е твојот?
Gucci Guilty Absolu de Parfum Pour Homme & Pour Femme е дуо од ретки колекционерски мириси.
Guilty Absolu de Parfum Pour Homme е интензивен дрвенест и килибарен мирис, дизајниран како сладок грев. Во срцевината, нотата на рум со вкус на зрел пијалок додава топла арома. Искобинирана со нота на цвет од портокал, додава длабочина на композицијата, додека лутото црвено чили пиперче ја зголемува острината. Резултатот е парфем за мажи кој трае со часови – инфузија од елеганција, сензуалност и мистерија, созвршен за секоја пригода, особено за интимна ноќ во удобно осветлено кафуле.
Шишето на овој Gucci мирис во живописна зелена боја, го открива Guilty мирисот создаден за смелиот, самоуверен и заводлив маж кој не бега од искушение.
За брендот:
Од неговото основање во 1921, брендот Gucci се трансформираше од продавничка отворена на споредна уличка во Фиренца, до неговата позиција денес како светски реномиран симбол на италијанската мајсторија, визионерска креативност и иновативен дизајн. Отсликувајќи ги и дефинирајќи ги децениите што го доведоа напред, историјата на модната куќа влијаеше на модата и културата на неизбришливи начини во текот на 20-от и 21-от век. Основачот на куќата, Guccio Gucci е роден во Фиренца во 1881 година. Во неговата младост тој се преселува во Лондон, каде започнува да работи како портир во хотелот Savoy во 1897 година. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе во хотелот, тој се вратил во Фиренца во 1902 година со сон дека еден ден багажот ќе го носи неговото име, а во 1921 година го отворил првиот Gucci бутик Гучи на Via della Vigna Nuova. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожа и до почетокот на шеесетите години, производите на Gucci биле познати во целиот свет.











