Gucci Guilty парфем за жени

3,860.00 ден7,025.00 ден

За производот:

Новото поглавје на Gucci Guilty мирисите започнува во почетокот на 2019-та со Gucci Guilty Pour Femme парфемската едиција, како и со новата кампања во која можеме да ги видиме пејачката Лана Дел Реј и актерот Џаред Лето. За новата револуција, Gucci Guilty Pour Femme е повторно роден, ориентално-флорална композиција која носи раскош и благородност на оригиналната тоалетна вода. Супериорните флорални ноти и збогатените природни мириси, процветуваат во еден јак и рафиниран парфем. Парфемот е интензивиран и со поголема доза концентрираност отколку класичната тоалетна вода, блескајќи со нотите кои доминираат: Mandora овошје, розов бибер, јоргован и пачули. Нов код на сензуалност е формиран во високото тенко шишенце. Редизајнирано со цел да ја има истата силуета како и неговиот машки партнер, шишенцето на Gucci Guilty Pour Femme ја рефлектира рамноправноста на мажите и жените кои двата мириси ги претставуваат. Дел од шишето е обоено во златна боја, додека другиот дел го прикажува бледо розовиот џус кој се наоѓа внатре. Пакувањето е матирано и е во боја на слонова коска, украсено со препознатливото лого на модната куќа во златна боја, составено од двете испреплетени G букви.

За брендот:

Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожаидо почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во  1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.

На залиха
30ml50ml90ml
Исчисти
- +
SKU: 816 Категории: ,

Доплонителни информации

Брендови

Gucci

За Жени

Парфеми

милилитражи

30ml, 50ml, 90ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Gucci Guilty парфем за жени”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X