Kérastase Curl Manifesto Huile Sublime Repair повеќенаменско потхранувачко масло за скалп и сите типови кадрава коса 50мл
1.900,00 ден
Мултинаменско масло за нега на скалп и коса збогатено со манука мед и керамиди, за кадрава до многу виткана коса. овој негувачки микс од природни масла може да се користи на повеќе начини – на коса и скалп за да се постигне хидратација и нега, по должината на косата за дефиниција и блескави кадрици и за постигнување сјај и заштита од “frizz” ефект. Користи го ова масло во твојата секојдневна Curl manifesto рутина за да постигнеш совршено дефинирани и негувани кадрици.
Начин на употреба
ТРЕТМАН КОЈ НЕ СЕ ОДМИВА: 1 до 2 испумпувања во зависност од должината и волуменот на косата, врз мокра или сува коса. Разнеси еднакво и продолжи кон сушење користејќи дифузер.
БАЛСАМ ЗА СКАЛП: Раздели ја косата по секции. Нанеси 1 до 2 испумпувања со блага масажа на скалпот.
ТРЕТМАН ПРЕД ШАМПОНИРАЊЕ: 1 до 2 испумпувања врз сува коса. Остави да делува 5 минути или преку ноќ пред шампонирање.
- За брендот
Kérastase
Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.






