Kérastase Symbiose Bain Crème Anti-Pelliculaire навлажнувачки шампон за сув чувствителен скалп склон кон првут 250мл
1.950,00 ден
Опис:
Кремастата пенлива формула го отстранува перутот, додека истовремено го навлажнува и смирува сувиот скалп. Го прочистува скалпот а косата се надополнува со хидратација и добива мек корен. Веднаш ексфолира и го отстранува видливиот перут на скалпот без да ги оштетува влакната. Текстура: бела кремаста текстура. Со пироктон оламин и салицилна киселина.
Начин на употреба:
Чекор 1: Земете мала количина од производот во рака.
Чекор 2: Нанесете на влажна коса и масирајте.
Чекор 3: Исплакнете темелно.
Во случај на контакт со очи, веднаш темелно исплакнете. Ако се појави иритација, намалете ја фреквенцијата на употреба. Толеранцијата е потврдена под дерматолошка контрола.
Придобивки:
Ја враќа хидратацијата на косата и скалпот;
Ја подобрува мекоста и здравјето на косата;
Дава поголема еластичност и поголем сјај на косата.
Рок на употреба (од отварање): 12 месеци
- За брендот
Kérastase
Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.

















