Lancôme Idôle Eau de parfum for women
Price range: 5.110,00 ден through 11.020,00 ден
Lancôme Idôle е модерен, софистициран, елегантен парфем кој ја отсликува современата жена. Самиот мирис го носи оној допир на свежина што ѝ е потребен на секоја жена за нов, убав, инспиративен и динамичен ден. Lancôme Idôle е креиран од тројца извонредни парфимери: Shuamala Maisondieu, Adriana Medina и Nadege Le Garlantezec.
Карактеристично за Lancôme Idôle е тоа што шишенцето има практичен и модерен дизајн, тенок само 15мм кое може да се стави во сечија женска чанта.
Парфемот се отвора со почетни ноти на бергамот и круша, во срцевината доминираат турската и мајската роза, придружени со индиски јасмин кои го отсликувааат Lancôme како бренд. Во крајните базни ноти парфемот се затвора со ноти од бел мошус и ванила.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.
















