Lancôme Ô Zenith Juicy Hair and Body Mist 100ml

1.840,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274517736
Ô Zenith Mist е среќа во шише. Јасмин во полн цут се испреплетува со златен акорд на monoï масло за блескава аура, додека овошното дуо на зрел ананас и блескава кокосова вода ја подигнува композицијата со нежна, сочна светлина. Мошусот го зацврстува мирисот, повикувајќи те да заблескаш како своја најсмела и најсјајна верзија.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Опис

Замисли го оној совршен момент на летна еуфорија: моментот кога хоризонтот станува златно платно, а воздухот е исполнет од мирисот на нектар кој те повикува да се препуштиш на својата насјајна верзија.  Les Ô мистовите за коса и тело не се само мирис, тие се твојот личен повик за будење на позитивната енергија, реинвенција на легендарната Ô колекција преку 3 прозрачни, блескави симфонии кои пулсираат со свежина и неодолива сочност.
Ô Zenith Mist е чиста среќа во шише, твое приватно парче сонце. Искуси мирисно крешендо во кое јасминот во својот најраскошен цут танцува со златниот акорд на monoï масло, создавајќи околу тебе блескава, магнетична аура. Овој сончев танц го воздигнува овошното дуо од зрел ананас и блескава кокосова вода, носејќи и на композицијата мека, сочна светлина која го осветлува секој твој потег. Во базата, топлиот мошус го усидрува мирисот на твојата кожа, пружајќи ти непоколеблива самодоверба и енергија на главен лик која не избледува.
Повеќе од само мирисни мистови, ова е твојот нов, шарен ритуал во движење: скапоценост во твојата чанта која инстантно го подигнува расположението, без разлика на тоа каде ќе те однесе денот. Со Les Ô, мирисот станува одраз на твојата внатрешна вибрација, докажано на повеќе од 500 жени кои во овие капки ја пронашле својата дневна доза радост.

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.