L`Oreal Professionnel Steampod 4.0 професионална преса за коса
26.000,00 ден
Постигни го посакуваниот облик кај секој тип на коса. До 80% помало оштетување, до 3 пати побрзо исправување и до 4 пати помазна коса. Исправете, обликувајте или навиткајте ја косата без напор со SteamPod 4, првата – се во едно- професионална преса за коса со патентирана технологија на пареа од L’Oreal Professionnel. Откријте ги новите ексклузивни функции на SteamPod 4. SteamPod 4 има пошироки керамички плочи за полесно исправување: сега опфатете 30% поблиску до коренот и добијте помазна коса од коренот до врвовите. Благодарение на новиот водич за виткање на косата кој нежно се загрева до 100°C и има потенок и заоблен дизајн, создадете совршени дефинирани брановидни прамени. SteamPod 4 сè уште има патентирана технологија за пареа: континуиран проток на сува пареа (0,8 g во минута) за видно помазна коса. Откријте ги ексклузивните додатоци за SteamPod 4, за да го искористите најдоброто искуство со SteamPod. SteamPod 4 доаѓа со сет од 3 чешли за оптимизирање на пареа, приспособени да гарантираат дифузија на вен пареа на секаков тип коса, термо-заштитни школки за безбедно исправување и торбичка за патување отпорна на топлина.
- За брендот
Steam Pod
L’Oréal Professionnel Paris е местото каде сѐ започна.
Родени сме во Париз, од пионерски дух кој измисли сѐ во служба на фризерите.
Нашиот основач Eugène Schueller го посвети целиот свој живот и стручност во менување на животите на експертите за коса.
Технички производи: ја измисливме првата безопасна боја за коса и првата ладна трајна фризура.
Безбеден перформанс: меѓу останатите откритија, го воведовме тестот за алергија на кожа и скалата за ниво на тон. Нашите протоколи го штитат здравјето и безбедноста на фризерите, и гарантираат предвидливи резултати.
Искуство во заедницата: го создадовме првото училиште, првите настани и натпревари.
Ова наследство нѐнаправи бренд од доверба кој ја разви трговијата и блискиот однос со професионалната заедница.







