Maison Margiela REPLICA Chasing Sunsets Unisex Eau de toilette

Price range: 5.280,00 ден through 10.080,00 ден

SKU: 1685-1

Искуси тропско зајдисонце, каде сочно манго се испреплетува со букет од сончеви бели цветови и кремасто сандалово дрво, доловувајќи го духот на плажите во Бразил.

Опис

Мирисна фамилија: Цветен

Тип на мирис: Овошно-цветен

Клучни ноти: Сочно манго, сандалово дрво, кардамом

Опис на мирисот: Тропски овошен мирис со ноти на сочно манго, кардамом и сандалово дрво. Инспириран од бразилските плажи и музика, мисли боса нова, бескрајните хоризонти и живописните, овошни ноти.

За шишето: Минималистичкиот дизајн на шишето е инспириран од аптекарските теглички, памучните етикети и пумпицата замотана со јаже. Шишето ја рефлектира едноставноста и софистицираноста на Maison Margiela.

За мирисот: Искуси тропско зајдисонце, каде сочно манго се испреплетува со букет од сончеви бели цветови и кремасто сандалово дрво, доловувајќи го духот на плажите во Бразил.

Maison Margiela

Модниот бренд Maison Margiela е основан од белгискиот дизајнер Martin Margiela во 1988 година. Оваа париска модна куќа отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода. Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година. Сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Линијата Maison Margiela Replica се првенствено унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени. Се работи за мириси кои ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените. Свежите и необични парфеми го рефлектираат неконвенционалниот пристап кон луксузната мода на дизајнерот Martin Margiela.