Maison Margiela REPLICA Never-ending Summer Eau de toilette for women and men
Price range: 5.280,00 ден through 10.360,00 ден
Побегни на возбудлив летен одмор во Италија. Нурни во наплив од цитруси, каде горчливиот портокал евоцира свежо излупено овошје, доловувајќи ја суштината на бескрајното лето.
- Опис
- За брендот
Опис
Мирис кој те транспортира во вечното лето на брегот на Амалфи, доловувајќи ја прекрасната суштина на овој регион. Место каде времето тече полека и каде можеш витински да ја почувствуваш убавината на секој момент.
Never-ending Summer, зачинет цитрусен мирис збогатен со расположение на летно бегство. При креирањето на Never-ending Summer, парфимерот Christophe Raynaud ја доловува суштината на бескраен италијански одмор.
Радоста на случајните средби, возбудата на непланирани авантури и слободоумната индивидуалност. Во освежувачките цитрусни ноти на овој мирис и непогрешливиот мирис на италијански аперол шприц, рафинираниот мирис на Never-ending Summer го отсликува расположението на незаборавен одмор на брегот на Амалфи.
Never-ending Summer е создаден околу уникатната нота на Maison Margiela, италијански аперол шприц, со овој препознатлив коктел инстантно познат по неговите освежителни цитрусни ноти. Нотата на шприц е испреплетена со горчлив портокал, со неговиот ревитализирачки мирис, потсетување на свежо излупен портокал и вибрантноста на ветиверот, чија сензуалност ја доловува директноста на Италија.
Доживеј го бегството на бескрајно италијанско лето.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Бидејќи влажната кожа го задржува мирисот, нанеси го мирисот веднаш по туширање или бањање и пред облекување.
Нанеси го мирисот на пулсните точки за позаводлив ефект и посилна дифузија. Прскај го мирисот на најмалку 15-20цм од точката на нанесување.
За пораспостранет ефект, прсни од мирисот во воздух и помини низ него.
Почекај додека мирисот не се исуши на кожата пред да го мириснеш. Триењето на кожата по прскањето на парфемот, ќе ја уништи врската и ќе го промени мирисот.
Maison Margiela
Модниот бренд Maison Margiela е основан од белгискиот дизајнер Martin Margiela во 1988 година. Оваа париска модна куќа отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода. Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година. Сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Линијата Maison Margiela Replica се првенствено унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени. Се работи за мириси кои ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените. Свежите и необични парфеми го рефлектираат неконвенционалниот пристап кон луксузната мода на дизајнерот Martin Margiela.










