Maison Margiela REPLICA Up at Dawn Unisex Eau de toilette

Price range: 5.280,00 ден through 10.360,00 ден

SKU: 1685-1-1

Up at Dawn е дизајниран од парфимерката Juliette Karagueuzoglou, доловувајќи тајно рандеву во зора, со нежни ноти на роза и привлечна мешавина од розев бибер и мошус. Овој унисекс мирис те кани да се загубиш во пролетна градина во првите зраци цветлина.

Опис

Мирисна фамилија: Цветен

Тип на мирис: Цветен

Клучни ноти: Роза, розев бибер, мошус

Опис на мирисот: Избегај во срцето на зората со Up at Dawn Eau de Toilette. Овој свеж, цветно-дрвенести мирис ја евоцира безвременската романса на тајна средба во маглива англиска градина со рози. Апсолутот од срце од роза се испреплетува со зачинет розев бибер и земјен мошус, доловувајќи ја возбудата на сокриена прегратка како што се разденува.

За шишето: Минималистичкиот дизајн на шишето е инспириран од аптекарските теглички, памучните етикети и пумпицата замотана со јаже. Шишето ја рефлектира едноставноста и софистицираноста на Maison Margiela.

За мирисот: Up at Dawn е дизајниран од парфимерката Juliette Karagueuzoglou, доловувајќи тајно рандеву во зора, со нежни ноти на роза и привлечна мешавина од розев бибер и мошус. Овој унисекс мирис те кани да се загубиш во пролетна градина во првите зраци цветлина.

Maison Margiela

Модниот бренд Maison Margiela е основан од белгискиот дизајнер Martin Margiela во 1988 година. Оваа париска модна куќа отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода. Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година. Сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Линијата Maison Margiela Replica се првенствено унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени. Се работи за мириси кои ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените. Свежите и необични парфеми го рефлектираат неконвенционалниот пристап кон луксузната мода на дизајнерот Martin Margiela.