Филтер

Прикажувам 2185–2208 од 2495 резултати

, ,

Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect потхранувачки шампон за нормална до густа чувствителна или оштетена боена коса 250мл

Опис:Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect шампонот инстантно ја прочистува и обновува површината на боената коса. Не содржи сулфати. Оваа негувачка и заштитна формула е специјално создадена за потребите на нормална до тенка бојадисувана коса. Шампонот веднаш ги отстранува наталожените нечистотии и вишокот на себум истовремено обновувајќи ја површината на секое влакно. Како делува Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect шампонот: Kérastase Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect е збогатен со млечна киселина и активна состојка Centella Asiatica, која е позната по нејзиниот хидратантен ефект. Формулата интензивно ја негува тенката и боена коса правејќи ја мазна и сјајна. Порозната коса сега е максимално заштитена.Начин на употреба:Како се користи Chroma Absolu Bain Riche Chroma Respect шампонот: Нанеси мала количина врз мокра коса, нежно масирај и одмиј. Повтори го шампонирањето и продолжи го третманот со останатите производи од Chroma Absolu линијата за здрава и убава боена коса.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

1.950,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Chroma Absolu Soin Acide Chroma Gloss третман со одмивање за висока сјајност на чувствителна или оштетена боена коса 210мл

Опис:Kérastase Chroma Absolu Soin Acide Chroma Gloss е анти-оксидантен длабински третман за боена коса. Честите бојадисувања можат да го оштетат влакното и да го направат рапаво и нагризано. Kérastase Chroma Absolu Soin Acide Chroma Gloss филерот ќе ја врати во живот косата правејќи ја сјајна и обновена. 0.7% млечната киселина и активната состојка Centella Asiatica го негуваат и регенерираат влакното. Како Kérastase Chroma Absolu Soin Acide Chroma Gloss функционира: * филерот ги отстранува нечистите наталожени минерали и заштитува од нивно понатамошно наталожување. * филерот ги регенерира површните кутикули на влакното истовремено измазнувајќи ја неговата површина. * филерот го негува и пополнува влакното правејќи го здраво и сјајно. * филерот го намалува фриз ефектот на косатаНачин на употреба:Како се користи Kérastase Chroma Absolu Soin Acide Chroma Gloss: Chroma Absolu Gloss се користи еднаш неделно. Се нанесува на чиста, со пешкир просушена коса по шампонирањето. Се масира по должината и врвовите. Остави да делува 1-2 минути. Убаво да се одмие.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

3.350,00 ден
Додај во кошница
, ,

Biotherm Homme Ultra Confort Baume смирувачки и навлажнувачки балсам за после бричење 75мл

Biotherm Homme го претставува Ultra Confort производ за нега на кожа после бричење. Пионир во негата на машката кожа, смирувачки балзам кој нуди 24 часа хидратација за заштита од непријатноста и осетливоста после бричење. Оригинална формула ви дава чуство на кашмир на вашата кожа. Смирувачка, богата текстура која моментално се впива за екстремна удобност после бричење без лепливост.Начин на употреба:Нанесете мала количина од производот Ultra Confort наутро и навечер. 

3.710,00 ден
Додај во кошница
,

Biotherm Homme T-Pur Ultra-Mattifying & Oil матирачки и навлажнувачки гел за мажи против сјајност 50мл

Biotherm Homme ја преставува својата култна хидратантна крема против сјај на кожата во нова формула, збогатена со перцилиум (airlicium™ + perlit) технологија, со комплекс кој го апсорбира себумот. T-Pur матирачката хидратантна крема, ја контролира масната кожа и сјајот на кожата во текот на целиот ден.Начин на употреба:Оваа дневна матирачка хидратантна крема може да се користи после бричење. Лицето нека ви биде добро исчистено пред третаманот за нега на кожа. После чистењето, бричење и тонирање, нанесете мала количина на прстите. Со двете дланки нанесете ја кремата на лице избегнувајќи го пределот околу очите. Завршете со пределот околу вратот. 

Original price was: 2.730,00 ден.Current price is: 1.910,00 ден.
Додај во кошница
,

Biotherm Homme Force Supreme обновувачки гел за мажи против видливи знаци на стареење 50мл

Гел за регенерација на кожа. Предводени од нашите најнови активни состојки добиени од биолошките водени разноликости, подобрената форула на Force Supreme гел во својот состав ги има единствените активни состојки. Врвниот регенерирачки активен екстракт од сина алга, микро-алга од езерата, споен со нашите заштитени состојки, молекулата против стареење Pro-XylaneTM и регенеративниот Life Planktonom™, за зајакнување на структурата на кожата и тројниот ефект на знаците на стареење.Начин на употреба:Нанесете мала количина од производот на лице и врат наутро и навечер.  

6.030,00 ден
Прочитај повеќе
,

Biotherm Homme Aquapower Comfort Gel хидратантна гел-крема за мажи за сува кожа 75мл

Хидратантна и хранлива нега за лице. Biotherm Homme Aquapower гел наменет за сува кожа ќе ја хидрира и нахрани вашата кожа, а притоа ќе овозможи да го вратите вашиот правобитен изглед.Начин на употреба:Користете наутро или навечер. Нанесете мала количина од гелот на лице и масирајте избегнувајќи го пределот околу очите. 

Original price was: 3.710,00 ден.Current price is: 2.780,00 ден.
Додај во кошница
, , , , , ,

Calvin Klein CK Everyone Eau de parfum for women and men

Чист. Свеж. Родово-неутрален. Најновиот член на семејството на CK One, CK EVERYONE Eau de Parfum е интензивен и енергичен мирис. Природен парфем со ноти на агруми и дрво.
Надополнувајќи ја суштината на CK EVERYONE Eau de Toilette, овој моќен, разнолик унисекс парфем е вегански, направен од природно добиен алкохол и искомбиниран со состојки коишто се 77 % добиени од природно потекло. Со изразени ноти од свеж органски портокал од Мексико, CK EVERYONE Eau de Parfum има динамичен и богат мирис. Срцевината од шриланкански црн чај и сензуалната дрвенеста основа од хаитски ветивер, се добиени преку јасно дефиниран и одговорен производствен процес и се дел од програма која им возвраќа на локалните заедници.
Стакленото шише на парфемот, кое може да се рециклира откако ќе се отстрани пумпичката, му оддава почит на препознатливиот ластик од долната облека на Calvin Klein, со лента со испишано лого која исто така може да се рециклира, е надополнето со матирано црно капаче и логото на брендот со задебелени букви.
Сакај ја секоја своја верзија со CK EVERYONE Eau de Parfum.

Провокативен. Модерен. Сензуален. Култен.

Calvin Klein е глобален lifestyle бренд, кој е пример за смели, прогресивни идеали и заводлива, често минималистичка естетика.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 3.460,00 ден through 4.350,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Rimmel Kind & Free маскара за очи

За производот:100% чисто вегански производ, без мириси, минерални масла и состојки од животинско потекло. Маскарата овозможува волумен и издолжување кои траат и до 36 часа. Содржи формула инфузирана со сертифициран ши путер (5%) и биотин. Има био четка произведена од 100% обновливи растителни влакна. Направена е со 99% состојки од природно потекло. Водоотпорна е,не се згрутчува и замачкува. Пакувањето е направено од рециклирани материјали.За брендот:Брендот Rimmel е создаден во 1834 година во Лондон-Англија. Неговиот основач Eugene Rimmel заедно со неговиот татко го напушта своето родно место и пребегува во Лондон. Ја создаваат првата не токсична маскара за очи која почнува да се продава ширум земјата со експресна брзина. Неговата постојана потреба да се поместуваат границите го направи брендот да биде светски познат. Брендот создава нови изгледи и ја претвара убавината во уметност. Познатиот слоган ‘’Live the London look’’ се користи и ден денес.

Original price was: 686,00 ден.Current price is: 412,00 ден.
Додај во кошница
, ,

Rimmel Kind & Free лак за нокти

За производот:100% чисто вегански производ, без мириси, минерални масла и состојки од животинско потекло. Лак за нокти со прва формула за нокти базирана на растенија која овозможува висок сјај и богата пигментација. Содржи зајакнувачки својства за заштита. Формулиран е со алги, има веганска четка која овозможува ноктите да останат здрави. Направен е од 70% состојки од природно потекло (компир и пченка). Нуди впечатлива боја која трае и до 5 дена. Пакувањето е направено од рециклирани материјали.За брендот:Брендот Rimmel е создаден во 1834 година во Лондон-Англија. Неговиот основач Eugene Rimmel заедно со неговиот татко го напушта своето родно место и пребегува во Лондон. Ја создаваат првата не токсична маскара за очи која почнува да се продава ширум земјата со експресна брзина. Неговата постојана потреба да се поместуваат границите го направи брендот да биде светски познат. Брендот создава нови изгледи и ја претвара убавината во уметност. Познатиот слоган ‘’Live the London look’’ се користи и ден денес.

Original price was: 270,00 ден.Current price is: 162,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Black Opium Illicit Green Eau de parfum

СЕНЗУАЛНА ХЕРОИНА На парадокс на сензуалноста. Black Opium Illicit Green жената е водена според своите сетила, воведувајќи нѐ во еден свечен и мирисен свет под зелени неонски светла. За неа ‘парфемот е задоволство’, подготвена е да се осмели, да танцува и да ужива цела ноќ.НОВА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА МИРИСНА ЕНЕРГЕТСКА ДОЗА Тајниот рецепт за овој мирис е инспириран од моктел? Во шејкер е помешана препознатливата нота на Black Opium со смели состојки. Кога нотите на свежо кафе се помешуваат со сочна зелена мандарина и кремаста смоква, настанува заразна и возбудлива доза адреналин.СКАНДАЛОЗНО ЗЕЛЕНО. СКАНДАЛОЗНО СВЕТКАВО. Зелен како ароматичниот сочен мирис кој го исполнува. Нијансата која го осветлува кружниот прозорец на новото шише на Black Opium мирисот, црпи инспирација од едно од безвременските и најскандалозни парчиња на Yves Saint Laurent кое го шокира светот на модата уште од 1971 година.ПРВ МИРИСЕН МОКТЕЛ BLACK OPIUM EAU DE PARFUM ILLICIT GREEN е смела и уникатна соработка помеѓу две инспиративни и талентирани жени: мастер парфумерката Nathalie Lorson и наградуваната коктел мајсторка од Париз, Margot Lecarpentier.Тие заедно го “искривуваат“ потписот на кафе кој предизвикува зависност од Black Opium, со изненадувачка и сочна есенција од зелена мандарина и вкусен кремаст акорд на смоква.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Original price was: 9.630,00 ден.Current price is: 5.780,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss The Scent Parfum

The Scent Le Parfum за него. Оваа интензивна реинтерпретација на препознатливиот килибарски потпис на BOSS The Scent, ги разгорува сетилата со привлечен ирис и ноти на кожа, ослободувајќи алхемија на привлечност на која е невозможно да се одолее.

Афродизијачките горни ноти на ѓумбир и егзотичниот плод Maninka, ја нудат магнетната сила на BOSS The Scent потписот, додека контрастната срцевина од скапоцен ирис, ја поставува сцената за незадржлива привлечност. Длабоко мажествената основа од ноти на кожа, додава телесна топлина на овој заводлив мирис.

Препознатливото шише е обоено во сензуална сиво-кафеава нијанса и вметнато во рамка со златно-розева боја, доловувајќи ја интензивноста на овој парфем. Претставен во кутија во сиво-кафеава боја, BOSS The Scent Le Parfum за него е моќен мирис кој ја носи заводливоста во една сосема нова димензија.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 5.175,00 ден through 8.880,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss The Scent Le parfum Parfum

Почувствувај ја моќта на привлечноста со BOSS The Scent Le Parfum за неа. Оваа интензивна реинтерпретација на препознатливиот килибарски потпис на BOSS The Scent, ги разгорува сетилата со привлечен цвет од портокал и ноти на ветивер, ослободувајќи алхемија на привлечност на која е невозможно да се одолее.

Зачинетите горни ноти на розев бибер, контрастирани со преголема доза цвет од портокал во срцевината на мирисот, ја поставуваат сцената за совршена бура на заведување. Топлиот ветивер судирајќи се со воздушното акигала дрво во основата, ја интензивира сензуалноста на овој мирис.

Шишето во облик на скапоцен камен со елегантна обоеност во нијанса на слива, е комплетирано со рефлектирачко капаче со розево-златен завршеток. Претставен во кутија обоена во длабока нијанса на слива, BOSS The Scent Le Parfum за неа е моќен мирис кој ја носи заводливоста во една сосема нова димензија.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 5.440,00 ден through 7.740,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Lash Idôle ултрапрецизен водоотпорен ајлајнер за очи 1ml

Овој 24 часовен Idole Liner ќе ги обезбеди резултатите кои сакаш да ги постигнеш. Со неговиот ултрапрецизен врв како фломастер и блескавите пигменти, Idole Liner е лесен ајлајнер кој беспрекорно се лизга по линијата на трепките во еден потег. Совршен ајлајнер за почетници и професионални. Достапен во 3 нијанси: црна, кафеава и сива.

Original price was: 2.560,00 ден.Current price is: 1.920,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Lash Idôle Waterproof Mascara водоотпорна маскара за подигнување и волумен на трепките 8ml

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА МАСКАРА ЗА ВОЛУМЕН И ПОДИГНУВАЊЕ НА СЕКОЈА ТРЕПКА ПОЕДИНЕЧНО. ТРЕПКИ ЗА ПОТПОЛЕН ВПЕЧАТОК КОИ ИМААТ ПОСТОЈАНОСТ И ДО 24ЧАСА . Четката со своите 360 микро влакна кои имаат 125 уникатни големини, овозможува да се нанесе правата количина на маскара во само еден потег.Начин на употреба:Како да нанесете водоотпорна маскара Lash Idôle? - За видливо истакнати и погусти трепки, нанесете серум за ревитализација на трепките. - Потоа подгответе ги трепките со прајмерот Cils Booster XL за да го максимизирате ефектот - Нанесете ја водоотпорната маскара Lash Idôle со хоризонтални движења. - Продолжете да нанесувате маскара од дното нагоре кон горните и надолу кон долните трепки. - Повторете го движењето за да го зголемите резултатот. - Совет за вас! Лесно отстранете ја маскарата со Bi-Facil двофазниот отстранувач на шминка за очи 

2.900,00 ден
Додај во кошница
, ,

Max Factor Miracle Pure Skin пудра за нега на лице

За производот:Верувајте во чуда! Инспирирана од грижата за кожа, усовршена од врвните технологии на  Max Factor,  Miracle Pure e течна пудра која клинички докажано се грижи и ја негува твојата кожа додека ја имаш на себе.  Во првата минута, со само една нанесена капка може да се забележат следните бенефити на кожата – подобрен тен, поздрава кожа, поголема еластичност, подобрен квалитет и помеко лице. Напредната формула е збогатена со 91% состојки кои ја негуваат кожата вклучително и витамин Ц и хијалуронска киселина кои овозможуваат 24 часовна хидратација.Рок на употреба (од отварање): 12 месеци

Original price was: 907,00 ден.Current price is: 363,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme L'Absolu Rouge Intimatte Soft Matte Lipstick кармин за усни со нежен мат завршеток 3.4g

Откријте го посакуваниот Intimatte на Lancôme, мат карминот кој совршено ја балансира удобноста на меката текстура на карминот со беспрекорна мат завршница. Обојте ги усните со мек превез во боја, за резултат без компромиси, комбинирајќи мек мат ефект и удобност, без чувство на затегање на усните.Како се користи:1. Започнете да нанесувате од горната усна, одејќи од центарот нанадвор. 2. Нанесете на долната усна од едниот до другиот агол.Рок на употреба по отварањето: 24 месеци 

3.140,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page

Lancôme Hydra Zen Anti-Stress Glow хидратантен флуид за лице 50мл

Активниот начин на живот и дневните стресови на кожата како што се загадувањето, сувото време и други агресори од животната средина, можат да доведат до дехидратација на кожата, непријатност и губење на нејзиниот сјај.

Следната генерација на дневна хидратантна крема со аминокиселини на Lancôme, е формулирана за да ги намали видливите знаци на стрес. Кожата е ревитализирана, а нејзината заштитна бариера – зацврстена.  Лесен течен флуид за лице збогатен со аминокиселини, алое вера, хијалуронска киселина и екстракт од роза.

Формулата е дизајнирана да ја:

– смири кожата и помогне во одбрана од надворешни агресори;
– задржи влагата за 24 часовна хидратација на кожата;
– обезбеди здрав изглед и сјај.

94% состојки од природно потекло.

Без алкохол и силикони.

Начин на користење:

Нанеси секое утро и/или навечер на претходно исчистено лице.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

4.180,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme L'Absolu Rouge Drama Ink - течен кармин за усни

Подгответе се за ново ниво на драма и удобност со L’Absolu Rouge Drama Ink, новите полу - мат течни кармини за усни на Lancôme. Овој мат кармин им дава интензивна боја на вашите усни со само едно нанесување. Револуционерна формула на емулзија со вода и масло која е до 2 пати попигментирана и до 4 пати со полесна текстура од традиционалните кармини. L’Absolu Rouge Drama Ink новите кармини им даваат на вашите усни интензивна мат и долготрајна боја без чувство на затегање на усните. L’Absolu Rouge Drama Ink течниот кармин на Lancôme има патентиран апликатор за прецизно нанесување кој ја одредува и точната количина на кармин која треба да ја нанесете на вашите усни.Како се користи:1. Нанесете од течниот кармин за усни почнувајќи од врвот на усните (лакот на Купидон), па се до аголот на усните.2. Повторете ја истата постапка од другата страна.3. Нанесете од течниот кармин на долната усна од едниот до другиот крај на усните.Рок на употреба по отварањето: 12 месеци 

Original price was: 2.970,00 ден.Current price is: 1.560,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Le Stylo Waterproof Eyeliner Pencil водоотпорен молив за очи 0.35g

Кремаст водоотпорен молив за очи кој лесно се нанесува и останува преку целиот ден. Le Stylo моливот за очи е mast have производ за љубителите на "smokey eye" изгледот кои сакаат богато пигментиран молив за очи. Овој водоотпорен молив за очи со кремаста текстура лесно се нанесува по должината на вашето око, не се размачкува и лупи. Поради своите водоотпорни својства, веднаш се впива (соединува) со кожата и останува да трае преку текот на целиот ден. Le Stylo моливот за очи е достапен во 3 богато пигментирани мат нијанси со метален сјај и сунѓерче со тенок врв од другата страна за полесно и попрецизно сенчање.Начин на употреба: Нанесете по должината на вашето око, по линијата на трепките, почнувајќи од надворешниот агол на окото према внатрешниот дел од окото. 

1.990,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bruno Banani Pure Man тоалетна вода за мажи

За производот:Парфемот е направен во 2006 година. Pure Man во високите ноти има анис, кардамом и изобилство од цитруси: грејпфруит, мандарина и бергамот. Во срцевината, цикламата и јасминот се хармонизираат со елеганцијата на дрвенестите ноти од кедар. Во основата има амбер, ветивер, сандаловина, бензоева смола и мошусни ноти.За брендот:Овој бренд за долна машка облека го создадоа двајца германци: Wolfgang Jassner и Klaus Jugnickel во 1993 година. Слоганот на компанијата е "Not for everybody". Нивното мото е дека за да носиш нешто од Bruno Banani мораш да ја сакаш авангардната мода и да имаш смисла за хумор. Bruno Banani во своето портфолио има повеќе од петнаесет парфеми. Најстарото издание е од 2000 година, додека најновото од 2019 година. Bruno Banani парфемите се направени во соработка со парфимерите Elena и Thierry Wasser.

Price range: 905,00 ден through 1.120,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bourjois Healthy Mix Tinted Beautifier Cream течна пудра за лице

За производот:Ви ја претставуваме новата тонирана крема на брендот.Нивото на покривност е лајт до средно , а долготрајноста до 24 часа. Кожата е нежна и хидрирана. Кремата во својот состав содржи витамин Ц и Е. Со самото нанесување кожата изгледа свежо, знаците на умор се покриени, а тенот е изедначен. Формулата овозможува подобрување на тенот на кожата со само 2 недели редовно користење. Чиста формула без минерални масла. Изберете една од нијансите која сигурно ќе се поклопи со вашиот тен и уживајте додека ја носите. Инспирацијата за дизајнот на кремата е од Париските девојки кои се секогаш елегантни. Фин дизајн со црвено капаче кој идеално се вклопува во семејството на Healthy Mix. Шишенцето е составено од рециклирачки материјалиРок на употреба (од отварање): 24 месеци

Original price was: 743,00 ден.Current price is: 446,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bourjois Rouge Fabuleux Gloss сјај за усни

Сјај кој на вашите усни дава интензивност,сензуален волумен и хидратација. Формула со микрокристални честички за висок сјај и долготрајност до 8 часа. Во својот состав овој сјај содржи антиоксиданти и витамин Е кои ја штитат и негуваат усната. Палета на бои кои го задоволуваат сечиј вкус. Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Original price was: 690,00 ден.Current price is: 414,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Max Factor Divine Lashes Black Brown 002 маскара за очи

Новата кафена маскара овозможува драматичен волумен. Трепките се меки и нежни и по неколку нанесени слоеви. Четкичката е нежна и лесна, формулата кремаста. Маскара која не остава траги и нема грутки при нанесувањето. Финишот се природни трепки со волумен.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци.

Original price was: 836,00 ден.Current price is: 418,00 ден.
Додај во кошница
, ,

Max Factor Masterpiece Xpress Nail Lacquer лак за нокти

Долготраен лак за нокти кој се суши за само 60 секунди. Бои кои можете да ги носите со сите ваши комбинации.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Original price was: 207,00 ден.Current price is: 104,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page