-25%
Prada Infusion de Figue Eau de parfum for women and men
Original price was: 11.220,00 ден.8.415,00 денCurrent price is: 8.415,00 ден.
Интензивниот и модерен мирис на Infusion de Figue во посебна мирисна интерпретација на смоква. Парфемот содржи ноти на смоква и свежа мандарина, нагласени со останати кремасти и пудрести ноти. Шишето на мирисот Infusion de Figue ја отелотворува есенцијата на Prada кодовите: истовремено vintage и софистицирано, со необична, малку магична доза нијанса на виолетова кожа, која ја истакнува неговата клучна состојка.
Секој мирис од Les Infusions колекцијата е поетична интерпретација на една емблематична природна состојка. Мирисите реинтерпретираат техники на античката парфимерија и го реинтерпретираат природното во форми кои се целосно модерни, чисти и прецизни. Искуството е како déjà-vu, мирисно кокетирање со минатото, кое гледа смело кон иднината. Мирис кој носи ориентално ехо преку богатите ноти на смоква.
Рок на употреба (од отварање): 24 месеци
- За брендот
Prada
Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.








