-25%

Prada Infusion de Gingembre парфем за жени и мажи

Original price was: 11.090,00 ден.Current price is: 8.320,00 ден.

SKU: 1388-1-2

PRADA Infusion de gingembre EDP открива нови аспекти на ѓумбирот, цитрусни и дрвенести, ултра свежи и зачинети ароми.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Опис

За секој Infusion мирис, Prada го извлекува вистинскиот карактер на главната состојка и го потопува во препознатливиот раствор од мошус и цитрус, што го рекреира обвивачкиот мирис на кожа, дозволувајќи ѝ на личноста на состојката да се спои со тебе. Les Infusions се мириси како втора кожа кои веднаш се вклопуваат со твојата кожа и веднаш се чувствуваат како тебе. Les Infusions de Prada е колекција на софистицирани унисекс мириси, кои ти овозможуваат да ги изразиш многуте страни на твојата личност.

ОПИС НА МИРИСОТ:
Infusion de Gingembre Eau de Parfum е цитрусен и дрвенест мирис за мажи за жени. Шишето на Infusion de Gingembre е истакнато во жолтеникава нијанса, доловувајќи ја фузијата на клучната состојка внатре. Капачето во култната Saffiano кожа и со жолтеникава нијанса, го симболизира ѓумбирот и живоста на мирисот.
Мирисна фамилија: Цитрусен, дрвенест

КЛУЧНИ НОТИ:
Зелена мандарина, ѓумбир, ветивер

ОПИС НА ШИШЕТО:
Infusion de Gingembre е истакнато во жолтеникава нијанса, со цел да ја отслика фузијата на ѕвездата состојка во мирисот.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Мирисот се интензивира со топлината на твоето тело. Нанеси го во внатрешноста на колената и лактите, на пулсните точки, за силен и долготраен мирис.
По нанесување на мирисот, избегнувај триење или тапкање на кожата. Ова го разградува мирисот, придонесувајќи побрзо тој побрзо дa исчезне.
Доколку преферираш да го нанесуваш мирисот на зглобовите, осигурај се повторно да го нанесеш по често миење на рацете, бидејќи тоа може да придонесе за плакнење на мирисот.

Prada

Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.