Thierry Mugler A*Men Stellar Eau de parfum Sensuelle

Price range: 5.760,00 ден through 7.450,00 ден

SKU: 1945-1

Откриј го примамливиот гурмански мирис на A*men Stellar eau de parfum за мажи. Килибарна, гурманска реинвенција на класичниот Mugler мирис.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

Опис

ЗА МИРИСОТ:
Откриј го примамливиот гурмански мирис на A*men Stellar eau de parfum за мажи. Килибарна, гурманска реинвенција на класичниот Mugler мирис. Оваа парфемска вода за мажи е креирана од парфимерите Louise Turner иJacques Huclier.

ОПИС НА МИРИСОТ:
A*men Stellar eau de parfum има импресивна трајност. Традиционално, тоалетната вода има помала интензивност од парфемската вода. Во почетните ноти ќе најдеш сладок цитрусен бергамот и моќна хербална лаванда. Во срцевината на A*men Stellar откриј ноти на солен ф’стак, трансформирајќи го препознатливиот мирис во сладок, ултра модерен гурмански мирис. Базните ноти вклучуваат ноти на килибар, кафе, наплив од рум и дабов коњак за уникатна дрвенеста нота. Овој мирис е одличен за есен и зима, но и за поладните пролетни и летни ноќи.

ЗА ШИШЕТО:
Мазното црното шише е украсено со фацетирана ѕвезда во впечатлива кобалтна сина нијанса. Светлечка еволуција на космичката боја засекогаш поседувана од Mugler. A*men Stellar е достапен во 50ml и 100ml.

Thierry Mugler

Thierry Mugler е француски дизајнер и фотограф, познат по своите моќни модни парчиња во 80-тите и широко заслужен за воведувањето нов тренд или категорија на мириси – гурмански – во 90-тите.

Mugler оригинално тренирал за танчар и работел професионално од негова 14 годишна возраст. По студирањето дизајн на ентериер, тој се преселил во Париз на 24 години и започнал да работи како уредувач на излози и freelance дизајнер. Неговата прва лична колекција за жени се случила во 1973. Mugler го отвора неговиот прв бутик во Париз, а истовремено претставува колекција машка облека во 1978. Неговиот стил е препознатлив по неговите футуристички облици и елементи.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.