Valentino Donna Born In Roma Eau de parfum

Price range: 5.800,00 ден through 11.480,00 ден

SKU: 1136

Создаден од трио од најдобрите јасминови цвеќиња измешани со ванила бурбон, една од најскапоцените состојки кај парфумиерите и ледениот дрвенест мирис.
Шишенцето е дизајнирано со иконските Valentino нитни, инспирирани од римската архитектура која е заштитен знак на Valentino Couture.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.