-25%

Valentino Donna Born In Roma Green Stravaganza Eau de parfum

Price range: 4.240,00 ден through 8.320,00 ден

SKU: 1783

Born in Roma Donna Green Stravaganza е ремек дело на мирисната уметност. Цветно-килибарен дрвенест мирис кој ги задева сетилата со својата екстравагантна мешавина од сензуален чај Lapsang Souchong и опоен јасмин. Мирисот е волшебна симфонија која те кани во градината на сензуалноста, каде секоја нота оддекнува со опојноста и екстравагантноста на Рим.

Мирисот се отвора со заводлив мирис на листови чај, кои те носат во сензуална градина со своите акорди на чај Lapsang Souchong. Нежниот апсолут јасмин го зазема централното место, осветлувајќи го мирисот со неговите соларни и флорални страни, откривајќи ја модерната женственост на оваа нота.

Слатките, но сепак “зачадени“ капки на екстрактот ванила, додаваат магична доза на ова сензуално патување, туркајќи ја екстравагантноста во екстремност. Екстрактот од ванила е добиен од одржливи извори и креиран во согласност со посветеноста на Valentino Beauty кон одржливоста.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Valentino

Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.