Valentino Donna Born In Roma Extradose Parfum 50ml + travel size 10ml
9.950,00 ден
Valentino Born in Roma Donna Intense: прекрасен 50ml EDP плус travel spray од 10ml. Искуси моќна женственост и блескава римска привлечност.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Оваа празнична сезона, нурни во најдлабоката експресија на римската елеганција со Valentino Born in Roma Donna Extradose сетот. Дизајниран за жената која ја прифаќа својата индивидуалност со силна страст и непорекливо присуство, ова луксузно дуо содржи 50ml шише од смелиот orn in Roma Donna Extradose, совршено надополнет со практичен спреј за патување од 10ml, овозможувајќи ти твојот магнетичен мирис да е секогаш со тебе.
Valentino Born in Roma Donna Extradose ја зема прославената суштина на оригиналниот Born in Roma Donna и ги интензивира нејзините најпривлечни и живописни страни, достигнувајќи ново ниво на концентрација и трајност. Овој силен цветно-килибарен мирис се отвора со уште подлабока експлозија од црна рибизла и светол бергамот, водејќи кон срцевина каде култниот јасмин Grandiflorum процветува со возвишена светлина и подлабок, повлуминозен карактер, откривајќи ја својата целосна, опојна убавина. Вистинската моќ на “Extradose” лежи во засилената и висококонцентрирана база каде препознатливата кремаста ванила бурбон е понатаму продлабочена со интензивирана мешавина од топол кашмеран и сензуални дрвенести ноти, создавајќи неверојатно долготрајна, длабоко привлечна и крајно незаборавна трага, Мирис кој го слави смелиот гламур и моќната женственост, оддекнувајќи со живописниот и страстен дух на Рим, со неприкосновена длабочина и интензивност.
Овој прекрасен празничен сет нуди исклучителна моќ и практична сестраност. Шишето од 50ml е совршено за секојдневна употреба, овозможувајќи ти целосно да нурнеш во несовладливата и трајна наратива на мирисот, обебзедувајќи трајна и длабока присутност. Компактниот travel spray од 10ml е неоходен придружник за модерната жена во движење, идеален за освежување на моќниот мирис во текот на денот, без разлика дали си во урбана авантура, присуствуваш на некаков празничен собир или едноставно сакаш возвишена доза на римска елеганција.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на пулсни точки: зглобови, внатрешноста на лактите и вратот.
Нанеси на пулсни точки: зглобови, внатрешноста на лактите и вратот.
Valentino
Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.






