-40%
Нема на залиха

Versace Pour Homme Oud Noir Eau de parfum

Original price was: 9.160,00 ден.Current price is: 5.500,00 ден.

SKU: 1836

Топол, заводлив, топол. Овој сензуален парфем од Versace е за мажот кој ужива во фините нешта во животот. Направен со луксузни oud ноти, една од најдобрите состојки во парфимеријата, секој оној кој го носи Oud Noir зрачи со самодоверба и софистицираност и не остава сомнеж кај никој за беспрекорниот вкус.

Горните ноти на горчлив портокал и црн бибер се надополнети со кардамон и шафран во срцевината на мирисот за да се создаде примамлива мешавина на зачинети и интензивни состојки кои поттикнуваат визии за егзотични пејзажи. Мирисот потоа остава долготрајна трага со финалните ноти на кожа и привлечен oud во основата.

Рок на траење (од отворање): 36 месеци

 

Versace

Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.