Нема на залиха
Xerjoff Renaissance Unisex Eau de parfum
15.190,00 ден
Автентично италијански во суштината, телото и духот, Renaissance Xerjoff е блескав букет од овошни ноти. Инспириран од богатото наследство и омаж за гламурот на Италија.
Renaissance го претставува инспиративниот карактер на Италија отворајќи се со свежи горни ноти на калабриски бергамот, мандарина и лимон. Волшебната срцевина од бугарска роза, нане и момина солза ја претставуваат исклучителната разноврсна убавина на Италија, додека класичните топли ноти на кедрово дрво, пачули, килибар и мошус во основата, танцуваат по кожата со непогрешлива нежност.
Рок на употреба (од отворање): 36 месеци
- За брендот
Xerjoff
Xerjoff е италијански луксузен бренд основан од Sergio Momo во 2003, кој нуди карактеристични мириси компонирани од најфините состојки, во ексклузивни пакувања. Редок микс од италијански стил, традиција и иновација. Суровините со највисок квалитет се специјално набавени ширум светот со цел да се создадат скапоцени парфеми кои го обвиткуваат оној кој ги носи во мирисно искуство, како ниту едно друго, и сместени во ексклузивни шишенца произведени во Италија од страна на најдобрите мајстори.








