Yves Saint Laurent La Nuit de L’Homme Eau de parfum
Price range: 6.280,00 ден through 9.320,00 ден
La Nuit de l’Homme Eau de Parfum, новиот килибарно-зачинет мирис од Yves Saint Laurent.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
НОВ LA NUIT DE L’HOMME EAU DE PARFUM од Yves Saint Laurent.
Нов килибарно-зачинет интензитет од заводлив акорд од црвена пиперка, засилен со модерен акорд на тутун. Црвен потпис, засилена сензуалност.
ЖЕЖОК ЦРВЕН ЗАЧИНЕТ ИНТЕНЗИТЕТ
Во почетните ноти, заводливоста започнува со пикантен бергамот, помешан со киселкаст акорд на црвено јаболко.
Во срцевината, добиен од YSL Ourika Community Gardens, акордот на црвена пиперка експлодира заедно со модерен акорд на тутун.
Во основата, килибарните ноти оставаат долготрајна трага.
ШИШЕТО СТАНУВА ЦРВЕНО
Препознатливото LA NUIT DE L’HOMME шишенце во нова, заводлива верзија. Црвен џус за интензивна желба која гори.
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.









