Yves Saint Laurent Libre Eau de parfum Intense

Price range: 6.960,00 ден through 12.990,00 ден

SKU: 1130

Мирис за инстинктивната, дива и слободна жена, спремна да го освои светот. Култната структура на мирисот LIBRE, единствениот спој на француска лаванда во комбинација со женствени сензуални ноти на цвет од портокал од Мароко, реинтерпретиран на сензуален и рафиниран начин. Интензивноста на мирисот е благодарение на флоралната срцевина, каде се судруваат нотите на цветот од портокал и нежната нота на орхидеја. Нова мажествена нијанса на мирисот, помеѓу оган и злато, испреплетена на најженствениот начин со симболичното LIBRE шишенце. Мирис како врисокот на потполна слобода, слобода да се живее живот без правила.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.