-25%

Yves Saint Laurent Libre L’Eau Nue Parfum de peau

Price range: 6.000,00 ден through 8.095,00 ден

SKU: 2050

Мирисот на долгите сончеви, блескави и жешки медитерански лета на твојата кожа.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Опис

Yves Saint Laurent Beauty со гордост го претставува LIBRE L’Eau Nue, мирис без алкохол. Убавината на медитеранската природа, вметната во шише.
СОСТОЈКИ
LIBRE L’Eau Nue ги претставува сончевите, блескави и жешки медитерански лета на твојата кожа. Мешавина од сочни цитруси и исклучителен цвет од портокал, за мирис кој трае цел ден. Благодарение на неговата масло-во-вода мирисна технологија, L’Eau Nue ја доловува најприродната мирисна моќ на секоја состојка, исто како да е штотуку рачно набрана од дрво.
Високо концентрирана во оваа нова формула без алкохол, свежината на зелената мандарина и бергамот од Калабрија, му ги даваат на L’Eau Nue освежувачките горни почетни ноти.
За прв пат, збогатен со екстракт од марокански цвет од портокал од Ourika Community градината на YSL, L’Eau Nue уникатно ја доловува суштината на препознатливиот цвет на LIBRE. Создава разубавувачка инфузија која се топи на твојата кожа. Оваа пријатна и не леплива формула ја остава твојата кожа поубава и со блескав сјај.
ПРИДОБИВКИ
Тестовите на 113 жени ги истакнуваат придобивките на уникатната формула на телото и косата:
• Се задржува цел ден на кожата.
• Кожата изгледа поубава и посветла со сјај.
• Не леплива и не масна формула.
• Кожата е помека онаму каде е нанесен.
• Кожата е обвиткана со пријатно чувство и се чувствува удобно во текот на денот.
• Кожата се чувствува ревитализирана и свежа.
• Косата изгледа посјајан и поубава.
• Косата е помека и обвиткана со прекрасен мирис.
• Косата не е исушена, ниту пак масна по нанесувањето.
ШИШЕ
Со LIBRE L’Eau Nue, шишето инспирирано од високата мода овој пат станува бело со цел да ја долови чистината на мирисот со состојки на база на вода. Мазен бел керамички завршеток кој ја штити скпоцената формула внатре и ја доловува сончевата светлина. Извиткано со цел да го следи остриот агол и прицврстено за стаклото, инжиниерска мајсторија, златното YSL Cassandre лого ја евоцира светлината на сонцето. Друг детал, прецизно исеченото стакло во форма на V, го нагласува деколтето на Y. Исечено длабоко во стаклото на геометриското шише, изработено е со цел да изгледа како култниот Saint Laurent смокинг. Додавајќи доза асиметрија, закосеното црно капаче го краси шишето и го акцентира златниот синџир обвиткан околу грлото на шишето.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Држи го парфемот приближно 30цм од телото. Нанеси на кожата на пулсни точки за пријатно сензорно чувство. За да ја разубавиш кожата и да искусиш трајно чувство, сензуално обвиткај го телото со L’Eau Nue така што ќе го вмасираш во телото. Испрскај и на косата како завршен чекор, за чувство кое ќе направиш да се чувствуваш добро.

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.