Yves Saint Laurent Mon Paris Eau de parfum

Price range: 5.340,00 ден through 10.440,00 ден

SKU: 461

Mon Paris е мирис инспириран од Париз, градот на интензивната љубов. Црвените бобинки и круша инстантно зрачат со сензуалност и женственост. Егзотичниот бел цвет татула, душата на мирисот, отелотворува желба и ги заведува сетилата. Конечно, овој модерен и смел цветен мирис е балансиран со кремаст бел мошус и пачули. Искуството е страсно и незаборавно виорно патување до Париз.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.