-30%
Ajmal Alcheme Eau de parfum for men
Original price was: 2.700,00 ден.1.890,00 денCurrent price is: 1.890,00 ден.
Alcheme од Ajmal е цитрусен и флорален парфем за мажи. Мирисот се отвора со цитрусни и зелени ноти на бергамот, портокал и зелен чај кои шепотат сензуална тајна. Како што мирисот се развива, софистицираните ноти на ирис, јасмин и ѓурѓовденче (момина солза) додаваат привлечна длабочина на композицијата. Топлата комбинација од килибар и мошус оставаат долготраен мирисен потпис на кожата.
Откриј ја тајната на авантурата, благодарение на овој прекрасен мирис, кој ги пречекорува сите земски граници.
- За брендот
Ajmal
Приказната за основачот на Ajmal, Late Haji Ajmal Ali, е вистинска инспирација. Роден во фамилија на огледувачи на ориз во мало село во Индија, тој од рана возраст сфаќа дека земјоделството нема да обезбеди доволно за него и неговата фамилија. Откако слушнал за трговијата на Oud и како таа може да ги промени работите за опстанок, решава да ја предизвика својата судбина и со оваа одлука ќе ги постави темелите за Ajmal. Во 1951 година се сели во Мумбаи и ја отвора својата прва продавница. Останатото е историја. Со чесна и макотрпна работа, искреност и посветеност, тој полека и стабилно го гради својот бизнис. Ajmal во својата 60 годишна историја на креирање мириси ја совладува уметноста на правење парфеми и зазема уникатна нишка во светот на парфимеријата во Блискиот Исток. Денес, Ajmal е регионален корпоративен ентитет со богато портфолио од едни од најдобрите мириси во светот.





