-20%

Armani Privé Cuir Noir Eau de Parfum Intense

Original price was: 22.180,00 ден.Current price is: 17.745,00 ден.

SKU: 1110-2-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-1-2

Длабоко сензуален килибарно-кожен мирис.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Длабоко сензуален килибарно-коженест мирис

„Сакав да му оддам почит на мајсторството на кожарството, истакнувајќи ја неговата суптилна мекост и топлина. Го замислив овој мирис во срцето на една арапска ноќ.“ – Џорџо Армани

Преработувајќи го акордот на шафран, за да создаде волшебна eau de parfum композиција, овој златен и раскошен мирис преплетува длабоко сензуална ванила што потсетува на благата арома на обработена кожа, со дивиот тон на животински мирис и со тлеечкиот, смолест карактер на црната бреза.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.

Armani Privé

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.