Armani Privé Gardenia Antigua Eau de Toilette
Интензивен цветен и блескав парфем.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Софистицирана реинтерпретација на препознатливиот цвет од гарденија, исполнета со чиста, интензивна светлина и освежена од морски провев. Инспириран од Антигва – остров каде што господин Армани има свој втор дом – мирисот ја пренесува неговата визија преку нежните, сончеви и пудрести ноти на островските цветови како иланг-иланг и гарденија.
Денес, Armani/Privé Haute Couture нуди посмела и помодерна ароматична експресија дефинирана преку контрасти. Помеѓу заобленост и чисти линии. Светлина и сенка. Сирово и префинето. Модерност и занаетчиска умешност.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанесете на пулсни точки: зглоб, внатрешен дел од лактот и врат.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Внимание: Загревањето може да предизвика пожар.
Armani Privé
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.







