Atkinsons Rose in Wonderland Eau de parfum for women and men

12.330,00 ден

SKU: 1614

За производот:

Доловувајќи го деликатниот мирис на градина со расцветани рози во летно утро и со капки роса кои светкаат на ливчињата, Atkinsons Rose in Wonderland е радосен и блескав парфем. Неговата совршено балансирана флорална мешавина од роза, пупки од црна рибизла и гераниум, е неутрализирана со најслабата трага на дрвенест ветивер, за мирис кој ја евоцира невината убавина на овој англиски цвет во  прекрасна неограничена прослава на женственоста и едноставните убавини на животот.

Atkinsons

Со парфеми за вистинските остроумници, брендот Atkinsons е основан во Лондон во 1799 година од страна на James Atkinson. Откако бил прогласен за официјален парфимер на Кралскиот двор на Англија во 1826 година од Кралот George IV, богатата историја на парфемската куќа ја дочекувала најаристократската и најексклузивната клиентела ширум светот. Потпирајќи се на 200 години британски стил и ексцентричност, Atkinsons нуди комплетна колекција парфеми, како и мириси за во бања и домот, внимателно модернизирана, но сепак одлучно верна на силната традиција на англиската парфимерија. Повторно осмислувајќи го наследството на парфемот, неконвенционалната Atkinsons колекција за мажи и жени се полни со длабоко британски карактер.