CK EO 19 EDT 50ml
CK EO 19 EDT 50ml + pack
3-1
4-1
5-1
6-1
7-1
8-1
9-1
10-1
11-1

Calvin Klein Everyone тоалетна вода за мажи и жени

2,430.00 ден3,430.00 ден

За производот:

Нов, смел мирис за секоја генерација, CK EVERYONE најавува ново, култно поглавје во CK ONE приказната. Инспириран од автентичноста и младешкиот ум кој не е ограничен од граници, родови норми и дефиниции, CK EVERYONE претставува експлозија од бесконечни можности. Почит кон индивидуалноста и слободата на самоизразување, CK EVERYONE кампањата е предводена од инспиративен колектив, составен од талентирани артисти, музичари како и креативци, кои совршено отсликуваат повеќе страни од себеси и ги редефинираат границите. CK EVERYONE е совршена комбинација од чиста свежина, слатка сензуалност и доза провокативност. Цитрусен мирис кој доминира со ноти на масло од освежителен органски портокал, искомбиниран со ноти на син чај и вибрантна основа од кедрово дрво, за еден полово неутрален мирис. Како чист и еколошки свесен мирис, CK EVERYONE е вегански и во себе содржи 79% природно изведени состојки. Шишето и пакувањето на CK EVERYONE се создадени од рециклирани материјали, во чест на неговата едноставност и чистина. Ултра модерното транспарентно стакло содржи 10% пост-потрошувачки рециклирани материјали, а истото може повторно да се рециклира со отстранување на пумпицата и еластичната трака, додека картонската кутија содржи 30% пост-потрошувачки рециклирани материјали.

 

 

 

За брендот:

Calvin Klein е американски моден бренд, основан од страна на Calvin Klein кон крајот на 1960-тата година. Брендот е познат по својот минимализам и класичен стил. Денес, брендот Calvin Klein е светски познат по неговите фармерки, колекции во опуштен стил, колекциите долна облека и парфеми. Логото на компанијата “cK” е исто толку препознатливо како и името на брендот, и краси многу производи во неговата линија. Првиот парфем на компанијата, Calvin, е лансиран во 1981 година. Оттогаш, Calvin Klein лансираше серија успешни парфеми, кои според многумина, го зачуваат духот на декадите во кои тие биле лансирани, вклучувајќи го и Obsession (1985 for Women, 1986 for Men), сK One (еден од првите унисекс мириси, претставен во 1994 година) и Euphoria (2005 for women, 2006 for Men). Дизајнерот Calvin Klein брои 142 парфеми во неговото портфолио на мириси. Најстaрото издание е од 1978 година, додека најновото од 2017.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
Сподели

Информации

Бренд

За мажи

За жени

милилитража

,

Категории на Парфеми

Основни ноти

Горни ноти

,

Ноти во срцевина

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Биди првиот кој ќе го прегледа “Calvin Klein Everyone тоалетна вода за мажи и жени”