Giorgio Armani Acqua di Gio Eau de toilette
Price range: 4.760,00 ден through 8.000,00 ден
ACQUA DI GIÒ е совршена инкарнација на свесната и самоуверена мажественост. Тој е симбол на човекот кој е во потрага по хармонија во светот и самооткривање, урамнотежен и во телото и во душата. Тогаш, како и сега, ACQUA DI GIÒ евоцира напредна, ослободена визија на мажественоста, поврзана со неговото опкружување и неговите емоции. Враќање кон суштинските вредности, на кои е зачетник Giorgio Armani. Првата интуиција на Giorgio Armani за ACQUA DI GIÒ доведе кон невиден успех на мирисот на глобално ниво. Денес, едно шише ACQUA DI GIÒ се продава на секои 5 секунди низ светот.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.









