-25%
Lancôme Idôle Nectar Eau de parfum
Price range: 3.670,00 ден through 5.805,00 ден
Lancôme Idôle Nectar едноставно зрачи со инспирација! Холографскиот ореол свети од неговото јадро сè до рабовите, симбол на празната страница на која треба да ја испишеме сопствената приказна, со бисерно-бела боја, која ни дава сила да постигнеме сè. Шишето на овој инспиративен мирис стои силно, исто како и вие!
Внимателно и рачно набраната ванила дава текстуриран и заводлив мирис, кој буди надеж кај генерацијата и го носи најбогатиот и највпечатливиот мирис на ванила на Idôle мирисот.
Три типа роза, вклучувајќи Rose absolue – кралица на розите, која се спојува со волшебниот и воздушен мирис креирајќи фузија од неодолива цветна свежина!
Нотите на пуканки во овој Idôle откриваат бескомпромисен џус, кој инстантно носи чувство на неодолива среќа благодарение на спојот со сензуална карамела.
Рок на употреба (од отварање): 24 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.









