Филтер

Прикажувам 1657–1680 од 2499 резултати

, ,

Maison Margiela REPLICA By the Fireplace свеќа 165g.

Потсети се на радоста на миговите поминати покрај камин. Надвор е ладно и снежи, но тебе внатре ти е топло. Седиш во фотелја, завиткан во топло ќебе, го слушаш смирувачкиот звук на крцкањето на дрвото и гледаш како пламените јазици танцуваат. Токму такви сензации кај тебе ќе разбуди миризливата свеќа Maison Margiela Replica By the Fireplace, која крие топла арома на запалено дрво, печени костени и чад.

Свеќата By the Fireplace е дел од колекцијата Maison Margiela Replica, инспирирана од сеќавањата на одредени места и моменти. Во овој случај, станува збор за сензациите поврзани со седењето околу каминот придружени со ароматични печени костени и слатко маршмалоу.

Карактеристики:

  • – миризлива свеќа која потсетува на камин, крцкво дрво и печени костени
  • – гори 40 часа, ја ароматизира просторијата и создава удобна атмосфера
  • – топол, дрвенест и сладок мирис, кој ќе ги воодушеви твоите сетила
  • – дел од колекцијата Replica, инспирирана од спомените
  • – служи и како одличен дизајнерски додаток во домот
  • – изработена во Франција

За брендот:

Модниот бренд Maison Margiela е основан од белгискиот дизајнер Martin Margiela во 1988 година. Оваа париска модна куќа отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода. Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година. Сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Линијата Maison Margiela Replica се првенствено унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени. Се работи за мириси кои ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените. Свежите и необични парфеми го рефлектираат неконвенционалниот пристап кон луксузната мода на дизајнерот Martin Margiela.

4.060,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Azzaro Wanted Girl Eau de parfum for women

Некаде помеѓу наследството и модерноста, Azzaro го замислил овој брилијантен парфем како ода на нескротлива убавина што доаѓа одвнатре, преполна со шарм. Мирисот е замислен како врвна доза на блескава женственост, облеана од сонцето што се залага за убав живот – la bella vita.

Wanted Girl е олицетворение на сјаен, експлозивен и гурмански мирис создаден од четворица парфимери, сместен во деликатно шише со облик на цвет, кој е токму како неа: експлозивен, примамлив и “вкусен”, но никогаш премногу сладок. Wanted Girl претставува ориентална, цветна и гурманска композиција која во горните ноти ги содржи нотите на цвет од ѓумбир, цвет од портокал, розев бибер и калинка. Срцевината ни ги открива слатките акорди од карамелизирано млеко и Datura цвет, додека во основата ги чувствуваме мирисите на ветивер од Хаити, тонка зрно и есенција од пачули.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Price range: 4.060,00 ден through 7.780,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Diesel D Red Eau de parfum

D RED ги отелотворува мажите на денешницата, реални, еволуирачки и смели. Мажи кои ја покажуваат нивната радикалност и го живеат секој момент со незажалена страст. Привлечниот мирис на D RED ја опфаќа екстазата од живеење во моментот и поседување на твојата уникатност. Претставен во култната црвена боја на Diesel, ова е мирис на енергија, страст и непоколеблива автентичност.

Уникатна и неочекувана мешавина од чиста свежина и топла сензуалност. Мирисот ослободува енергични ноти на сочен црвен грејпфрут, кои се судираат со екстремната чистина на лаванда од Прованса, Франција. Овие ноти се високо-контрастирани со топлата сензуална интензивност на нотите на сандалово дрво.

D RED ги преминува границите со уникатен отпечаток на култната црвена боја на DIESEL, откривајќи неочекувана, различна црвена страна која ја отсликува магнетичната интензивност и оригиналноста на џусот кој се наоѓа внатре.

D RED, покана да оставиш свој белег и отпечаток.

Rosso го основал Diesel со намера да создаде модна куќа која ќе биде лидер и ќе издлаби своја ниша во индустријата. Diesel е познат по неговиот иновативен маркетиншки пристап. Се верува дека компанијата ќе биде прва која ќе пласира облека преку видео игри. Производите на Diesel се исто така продавани и преку социјалната Playstation.

Првиот мирис на Diesel, унисекс мирис познат едноставно како Diesel, бил лансиран во 1996 година, во партнерство со Marbert. Diesel лансира неколку познати мириси со Marbert пред да склучи договор со L’Oreal групацијата во 2006 година. Diesel мирисите се наменети за млади, кои како и нивната облека, се забележливи по необичните пакувања кои обично наликуваат на необични предмети, како што е тупаница (Only the Brave) и индустриско шише (the Green series).

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Price range: 3.320,00 ден through 6.090,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Thierry Mugler Alien Hypersense Eau de parfum for women

 

Таа доаѓа по тебе. Инстинктивно.

Хипнотична, а понекогаш и опасна. Преобразувајќи се одвнатре со едно прскање од нејзиниот мирис, нејзините пет сетила се возвишени. Вид, слух, вкус, допир, мирис… Таа чувствува сè хиперболично, поврзано со нејзината најавтентична, првобитна душа.

Тоа е најзината моќ, нејзиното задоволство, нејзиното смело нефилтрирано “ЈАС”. Сè уште вродено добротворна, музата на Mugler Alien ти нуди моќ да пристапиш кон целосниот спектрум на твојата сензоријалност. Чудна и прекрасна, таа доаѓа по тебе, ќе те зароби, ќе те преобрази, ќе те покани да ги доживееш твоите хиперсензации со новиот мирис.

Сензорен наплив од сочно овошје, дрвенести ноти и флоралност, Alien Hypersense Eau de Parfum го засилува препознатливиот потпис од јасмин самбак во оригиналниот Alien, и го турка во едно расцветано откритие. Хипермодерен, хиперженствен и жестоко цветен, Alien Hypersense ја изразува моќта на музата на Alien. Суштината на флоралноста, доловена во техниколор талисман шише. Изразено со најчудните, најкул слики на Mugler досега. Многу повеќе од парфем: покана да се почувствува невообичаеното. Да се ослободи твојот внатрешен Alien (вонземјанин).

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Mugler оригинално тренирал за танчар и работел професионално од негова 14 годишна возраст. По студирањето дизајн на ентериер, тој се преселил во Париз на 24 години и започнал да работи како уредувач на излози и freelance дизајнер. Неговата прва лична колекција за жени се случила во 1973. Mugler го отвора неговиот прв бутик во Париз, а истовремено претставува колекција машка облека во 1978. Неговиот стил е препознатлив по неговите футуристички облици и елементи.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

Price range: 5.690,00 ден through 10.150,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent All Hours течен коректор 15ml

Опис: Коректор за лице со кадифено мат и мек завршеток. Погоден е за сите типови на кожа, дури и чувствителна. Прв течен коректор на Yves Saint Laurent кој целосно ги покрива темните кругови и останатите несовршености на лицето, со постојаност и до 16 часа. Дерматолошки тестиран, без мирис. Коректор за лице кои со немасна текстура кој не ги затнува порите.* 98,6 % формула со немасна текстура* 87,5 % висока покривност (темни кругови, пори, црвенило на лицето, пеги ...)* 97,2 %  коректор кој го изедначува тонот на кожата.Начин на употреба:Со апликаторот нанесете од коректорот во пределот на челото, образите и брадата. Со нежни движења и тапкања нанесете го почнувајќи од внатрешнте кон надворешните делови на лицето. Производот може да се нанесе и со апликаторот од самиот коректор.Рок на употреба по отварање: 12 месециЕфект (главни придобивки од производот): виска покривна моќ, постојаност до 16 часа, кадифено мат финиш 

Original price was: 3.140,00 ден.Current price is: 2.355,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , ,

Yves Saint Laurent Libre Eau de parfum Refill

Парфем на силна, смела и слободна жена која екстремно експериментира со својата слобода.

Првата цветна лаванда. Тензијата помеѓу разгорената сензуалност на цвет од портокал од Мароко и смелоста на лаванда од Франција со женствен пресврт. Уникатна трага како здив на слобода.

Couture шише со остри агли, надополнето со луксузен предимензионален додадок. Култното Cassandre лого е извиткано и вметнато во стаклото како скапоцен камен. Секси златни синџирчиња и асиметрично капаче во црна боја го запечатуваат целокупниот дизајн.

Мирисот на слободата.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

10.440,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

L'Oréal Paris Panorama Volume Million Lashes маскара

L'Oreal Paris Panorama маскара, црна. Од агол до агол панорамски волумен, 1.4 пати поголеми очи*. Благодарение на четката со технологија која е на повеќе нивоа и патентираната 'stretch-flex' формула, со Panorama можеш да ја опфатиш секоја трепка од внатрешните до надворешните агли на окото, за ефект на отворени очи со целосен волумен, без грутки. Време е да ги отвориш очите кон нови можности. Гледај го светот поинаку со Panorama маскарата од L'Oreal Paris.

  • 4 пати поголеми очи*
  • Од агол до агол, панорамски волумен
  • Збогатена со 5% stretch-flex комплекс за ултра флексибилна формула
  • Погодна за чувствителни очи
  • Отпорна на размачкување

730,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Lancôme La Nuit Trésor Le Parfum

Уникатниот потпис на La Nuit Trésor е одведен на следно ниво на сензуалност и страст со La Nuit Trésor Le Parfum, најинтензивниот парфем во колекциата. Овој нов мирис е еликсир од апсолут роза, обвиен со екстракт на горко какао и ноти на црна рибизла.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Price range: 4.375,00 ден through 7.135,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Giorgio Armani My Way Nectar Eau de parfum

Вкусната фузија од цветови и овошја на MY WAY NECTAR EAU DE PARFUM открива младешки, спонтан нов аспект на MY WAY.

Во мирисното дело на мастер парфимерот Carlos Benaïm, MY WAY NECTAR EAU DE PARFUM се отвора со горни ноти кои ги нагласуваат свежите и сочни ноти на круша, кои се помешани со зелените и ароматични ноти на овошето rhubarb.

Овие овошја се искомбинирани со цитрусната срцевина на бергамот и мирисот на цвет од портокал, двата потписи на MY WAY франшизата. Ефектот на нотата од цвет од портокал е изработена со модерен процес на екстракција, која ги потопува цветовите портокал во есенција од горчлив портокал. Оваа светла нота е искомбинирана со акорди на круша и свежо масло од бергамот, за да се истакне јадливата привлечност на мирисот.

Срцевината од листовите темјанушка исто така служи за да се истакне и интензивира белиот цветен букет на MY WAY, компониран од кремаста срцевина од тубероза и инфузија од свеж јасмин grandiflorum. Билните ноти на листовите темјанушка носат уникатна острина во мирисот.

Во основата, акордите на бели дрва се потопени со топло, сензуално кедрово дрво, заразна бурбон ванила и ноти на бел мошус, како би се креирал пудрест и чист мирис со ефект на втора кожа.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 5.800,00 ден through 11.130,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Black Opium Over Red Eau de parfum

BLACK OPIUM отсекогаш бил знак на неодоливо уживање на сетилата, а со ова ново издание, сите сетила се уште повеќе интензивирани.

На самиот почеток избиваат нотите на црвена цреша со своата силна боја и незиниот сочен и бадемест мирис, толку интензивен така што можеш да го видиш ова примамливо овошје и неговата округла, сјајна заобленост на усните.

Вкусот на ликер на оваа сосема нова нота на цреша, ослободува вртлог од сензации како што нурнуваш во срцевината на BLACK OPIUM EAU DE PARFUM OVER RED. Препознатливата, малку темна срцевина на мирисот е поконтрастирана од било кога. Наспроти црвената лакирана сјајност на црешата, и цветот од портокал добива темноцрвена боја. И темната боја на нотите на доза еспресо добива рубин нијанси.

BLACK OPIUM EAU DE PARFUM OVER RED е изработен од состојки со врвен квалитет изработени специјално за YSL Beauty. Во оваа линија направена по мерка, клучните состојки од природно потекло на мирисот се деконструирани, а потоа реконструирани со помош на напредни техники за да се ослободи суштината на секоја нота.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 4.000,00 ден through 7.855,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Valentino Donna Born In Roma Green Stravaganza Eau de parfum

Born in Roma Donna Green Stravaganza е ремек дело на мирисната уметност. Цветно-килибарен дрвенест мирис кој ги задева сетилата со својата екстравагантна мешавина од сензуален чај Lapsang Souchong и опоен јасмин. Мирисот е волшебна симфонија која те кани во градината на сензуалноста, каде секоја нота оддекнува со опојноста и екстравагантноста на Рим.

Мирисот се отвора со заводлив мирис на листови чај, кои те носат во сензуална градина со своите акорди на чај Lapsang Souchong. Нежниот апсолут јасмин го зазема централното место, осветлувајќи го мирисот со неговите соларни и флорални страни, откривајќи ја модерната женственост на оваа нота.

Слатките, но сепак “зачадени“ капки на екстрактот ванила, додаваат магична доза на ова сензуално патување, туркајќи ја екстравагантноста во екстремност. Екстрактот од ванила е добиен од одржливи извори и креиран во согласност со посветеноста на Valentino Beauty кон одржливоста.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 4.240,00 ден through 8.320,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Viktor & Rolf Spicebomb Infrared Eau de parfum

Со SPICEBOMB INFRARED тоалетната вода, Viktor&Rolf црпи инспирација од инфрацрвената технологија, која ја детектира топлината на телото за да поттикне магнетна и страстна игра на заведување. SPICEBOMB INFRARED ги распалува сетилата, предизвикува крешендо на привлечност и ослободува топла енергија. Невозможно е да го игнорираш, така што нема смисла да се спротивставуваш. Единствено решение: потклекни.

SPICEBOMB INFRARED е ориентално-килибарен мирис. Замислен како експлозија од вжарени црвени зачини, SPICEBOMB INFRRED се отвора со живописниот карактер на црвени бобинки, продолжува со лутата црвената пиперка Хабанеро, за да се прошири во бескрајно сензуалниот резиноид бензоин.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Original price was: 5.760,00 ден.Current price is: 4.610,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Azzaro The Most Wanted Parfum

Животот е игра, дали си подготвен да ја играш и да освоиш ново ниво со The Most Wanted Parfum? Огнен и интензивен, овој килибарно-зачинет мирис за мажи те кани да ја ослободиш твојата огнена енергија како никогаш досега.

Мирисна приказна, енкапсулирана во култното црно шише во форма на буренце, откривајќи џус кој открива џус во килибарна нијанса која се прелева. Ноти на карамела, помешана со сензуалноста на бурбон ванила, кои откриваат ултра-привлечен и магнетичен потпис. Зачинетата арома, појачана со дрвенести ноти, остава долготрајна и незаборавна трага.

Price range: 5.960,00 ден through 7.780,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Teint Idole Ultra Wear Care & Glow Serum Concealer коректор за лице со средна покривност и природен завршеток 13ml

Повеќенаменски, хидрирачки коректор со серум, кој обезбедува 24 часа хидратација, средна надградлива покривност и природен, нежно сјаен завршеток.Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

2.900,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Rénergie H.P.N. 300-Peptide Rich Cream хидратантна крема со ниацинамид против стареење за сува кожа 50мл

Lancôme ја претставува Rénergie H.P.N. 300-Peptide крема за лице за сува кожа. Оваа иновативна крема ги комбинира благотворните ефекти на хијалуронската киселина, 300-те типови пептиди и моќта на ниацинамид во една високоефективна крема. Крема со најголема концентрација на активни состојки некогаш направена од Lancôme, што дава извонредни резултати за кожата. Формулата со високи перформанси е оптимизирана за да обезбеди длабока хидратација на сувата кожа, притоа зачувувајќи ја ефективноста против стареење. Формула збогатена со 9,8% сквалан кој обезбедува хидратација на кожата и пополнетост. Со едно нанесување, кожата е рехидрирана и изгледа поцврста. Крема за лице и врат, погодна за навечер и наутро.– КОЖАТА Е ИНСТАНТНО РЕХИДРИРАНА* – ПОДОБРЕНА ЦВРСТИНА** – ГО ИЗЕДНАЧУВА ТОНОТ НА КОЖАТА* – ПОТТИКНУВА СЈАЈ НА КОЖАТА**Клинички резултати од испитување направено на 53 бели жени, 47 до 66 години, со многу сува кожа, сува кожа или комбинирана до сува кожа, 66% со чувствителна кожа (декларативно).**Инструментален тест на 44 бели жени, 43 до 65 години Начин на користење:Секое утро нанеси ја кремата на чисто лице и врат со нежни движења од долу кон горе, се додека не се впие во кожата.Главни придобивки:Негувачката погуста текстура на кремата ја штити и негува кожата без вишок сјајност.Каков тип проблем таргетира:Со едно нанесување, кожата е повторно хидрирана и добива цврстина.Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

7.890,00 ден
Додај во кошница
, ,

Bell Stop Dark Circles течен коректор

Состојките од растително потекло во формулата, како што се пченичните протеини и екстрактот од семе од рогач, го прават Lift – Active Complex кои малку ја зацврстуваат и осветлуваат кожата под очите и инстантно прават брчките да изгледаат помазно, а очите – свежи. Производот одлично се бленда на кожата и интензивно покрива секаков тип несовршености. Лесна формула за удобно нанесување. Достапен во 3 нијанси.

217,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bell Colour Lipstick кармин за усни

Иновативната формула на овој течен кармин за усни, го прават производот лесен и погоден за нанесување. Лесната и долготрајна формула остава мат завршеток, со целосна покривност на усните. Плус, неговата формула која не ги суши усните, ја спречува бојата од бледеење. Карминот е погоден за лица со чувствителна кожа, склона кон иритации.

263,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bell HYPOAllergenic Liquid Eye Concealer течен коректор

197,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bell HYPOAllergenic Longwear Hydrating Powder камена пудра со хијалуронска киселина

Хипоалергена камена пудра која која ја навлажнува и негува кожата, благодарение на хијалуронската киселина во составот. Ја сетира шминката без да и отежнува на кожата, зачувувајќи го нејзиниот сјај и свежиот изглед. Оптички ја измазнува и изедначува кожата. Лесната формула се грижи за кожата и остава чувство на удобност.Производот е погоден за лица со чувствителна кожа склона кон иритација. Тестирано под надзор на дерматолог.90% од состојките се од природно потекло. Производ погоден за вегани. Формулата е развиена во согласност со Clean Beauty трендот.

461,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bell Perfect Eyeliner ајлајнер

Интензивна пигментација гарантира длабока црна боја со првото нанесување. Долготрајната и водоотпорната формула спречува ајлајнерот да се размачка во текот на денот. Специјалниот апликатор ти дава разноврсни завршетоци -  од прецизни тенки, до дебели и повидливи линии.

277,00 ден
Додај во кошница
, ,

Bell Intense Pen Eyeliner ајлајнер

Неговата екстремно црна и водоотпорна формула обезбедува висока покривност уште со првото нанесување. Тенкиот и флексибилен врв ти овозможува исцртување прецизни линии, дебели и тенки. Ајлајнерот не се копира на очните капаци и не избледува во текот на денот.

334,00 ден
Додај во кошница
, ,

Bell HYPOAllergenic Brow Liner молив за веѓи со четка

Идеален молив за дефинирање и добивање на посакуваната форма на веѓите и постигнување природен изглед. На капачето од моливот има мала четка со меки влакна за чешлање и обликување на веѓите. Моливот овозможува да се нанесе боја на деловите од веѓите кои се со помалку влакненца. Моливот е дрвен и се остри со острилка.

325,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bell HYPOAllergenic Precise Liquid Eyeliner течен туш за очи

Траен ајлајнер за очи со длабока сатурирана боја. Линијата направена со удобниот, флексибилен апликатор е прецизна, не се размачкува и не се брише. Благодарение на моќната пигментација на производот, можно е да се создаде интензивна линија без испрекинатост при првото нанесување.

366,00 ден
Додај во кошница
, ,

Bell HYPOAllergenic Mat&Smooth прајмер-база за матирање и измазнување

Базата нанесена на кожата пред да се стави шминка, ја продолжува нејзината трајност и го прави нанесувањето на пудрата лесно. Ја навлажнува кожата и ги измазнува ситните линии. По нанесувањето на производот, кожата станува мат и свиленкасто-мазна на допир.

508,00 ден
Додај во кошница