Нема на залиха
Tiziana Terenzi Kirkѐ Unisex Eau de parfum
12.990,00 ден
Магичен и сензуален парфем кој е како и божицата која стои зад неговата инспирација. Се карактеризира со сочен букет од слатки овошја, вклучувајќи маракуја (passion fruit), праска и круши, помешани преку вешта алхемија со малини и црна рибизла. Убедлив е како милување од момина солза (ѓурѓовденче) и како прошетка со боси нозе по песок кој е загреан од контрастот на непогрешливиот хелиотроп и силата на пачули и мошусно дрво. Како една од најпознатите магични напивки на божицата Circe, овој екстракт го воздигнува секој оној што го носи, водејќи го низ мистериозни патеки со цел откривање на неверојатни чуда во опасна еволуција на емоции и инспирација, затворена во магичен филтер кој зад себе може да остави бескрајно будење на мистерија и сензуалност.
- За брендот
Tiziana Terenzi
Tiziana Terenzi е ексклузивен италијански ниш бренд за парфеми, познат по своите луксузни, уметнички и интензивни мирисни композиции. Основан од семејството Terenzi, брендот ја комбинира традицијата на италијанското парфимерство со современа креативност и рачна изработка. Инспирирани од патувања, емоции и природни елементи, парфемите на Tiziana Terenzi се создадени со внимателно одбрани состојки и препознатлив карактер, нудејќи уникатно и софистицирано мирисно искуство.






