-25%
Versace Bright Crystal Pour Femme Eau de toilette 30ml + лосион за тело 50ml
Original price was: 4.555,00 ден.3.415,00 денCurrent price is: 3.415,00 ден.
Искуси ја безвременската елеганција на Versace Bright Crystal со овој луксузен мирисен сет. Лансиран во 2006 година, овој волшебен мирис припаѓа на цветно-овошната мирисна фамилија, нудејќи деликатен баланс од свежина и софистицираност. Дизајниран од страна на реномираната италијанска модна куќа Versace, Bright Crystal е блескав и женствен мирис кој ги милува сетилата.
Мирисот се отвора со освежителна свежина од калинка, yuzu и ледени ноти, создавајќи живописен прв впечаток. Во неговата срцевина, грациозен букет од магнолија, лотус и божур додава нежна, цветна елеганција. Мирисот е прекрасно заокружен од топли базни ноти од растителен килибар, мошуси и махагони дрво, оставајќи трајна и сензуална трага.
Сетот содржи: Versace Bright Crystal тоалетна вода за жени 30мл + лосион за тело 50мл
- За брендот
Versace
Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.





