-25%

Versace Dylan Purple Pour Femme Eau de parfum 50ml + лосион за тело 50ml + гел за туширање 50ml

Original price was: 6.580,00 ден.Current price is: 4.935,00 ден.

Достапност: На залиха SKU: 8011003902910

Искуси бесконечно лето со светлиот и елегантен Dylan Purple. Покана да патуваш, овој прекрасен eau de parfum доловува гламур, романтика и возбуда на долгите летни ноќи.

Dylan Purple ја рефлектира моќта и привлечноста на женската сензуалност. Смел и прекрасен, неговото овошно отворање е поканувачко и разиграно, пред да те одведе во интригантната срцевина од флорални и мошусни ноти.

Блескави ноти на бергамот се помешани со радосните тонови на свежо набрани портокали, за да те одведат во неодолива италијанска природа и крајбрежје. Сочната круша додава доза модерност, која е зависна и динамична, додека опојниот мирис на фрезија носи експлозија од светла виолетова боја и нежна арома на нејзините ливчиња. Конечно, беламбре и амброфикс обезбедуваат живост, нагласена од кремастото кедрово дрво.

Versace

Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.