-25%

Versace Dylan Turquoise Pour Femme Eau de toilette 100ml + мини 5ml + гел за туширање 100ml + лосион за тело 100ml

Original price was: 7.420,00 ден.Current price is: 5.565,00 ден.

Достапност: Нема на залиха SKU: 8011003899883

Свеж мирис кој балансира мандарина и лимон primofiore со доза дрво и мошус и тропикални овошни подтонови. Dylan Turquoise е ода на сензуалноста на Versace жената, потсетник на топлите летни денови. Шишето во форма на амфора ја евоцира грчката митологија, украсена со Medusa симболи.

Сетот содржи: Versace Dylan Turquoise тоалетна вода за жени 100мл + мини 5мл + гел за туширање 100мл + лосион за тело 100мл

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Versace

Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.