-25%

Versace Man Eau Fraiche Extreme Eau de parfum

Price range: 4.720,00 ден through 5.885,00 ден

SKU: 394-1

Versace Eau Fraîche Extrême повторно ги замислува класичните состојки од машката парфимерија со неочекувани нагласоци, создавајќи мирис на неочекувана свежина.

Рок на траење (од отворање): 36 месеци

Опис

Versace Eau Fraîche Extrême е мирис за силниот и самоуверен маж кој сака луксуз и има остро око за стил. За мажот чија душа е неговата сила, кој се чувствува слободно и знае како да го живее животот момент по момент, Versace Eau Fraîche Extrême повторно ги замислува класичните состојки од машката парфимерија со неочекувани нагласоци, создавајќи мирис на неочекувана свежина.
Цитрусните ноти на лимон, испреплетени со гераниум и цвет од портокал, го отвораат мирисот со живописна блескавост. Во срцевината, ароматичната моќ на мошусна жалфија, лаванда и зачинети нијанси на мадагаскарски розев бибер, се испреплетени во софистицирани и хипнотични ноти.
Базата зрачи со магнетна привлечност, каде топлиот интензитет на кедрово дрво се сретнува со длабочината на амброкс и мошус, создавајќи неодолива трага која се задржува на кожата. Екстремен мирис, за оние кои не се плашат да се осмелат.
Мирисот доаѓа во смело и мажествено квадратно шише изработено од тешко и високо сјајно стакло со исклучителна текстуриран профил на чиста елеганција, која ја евоцира мажественоста. За да го засилиш интензитетот на мирисот, нанеси на клучни пулсни ноти (врат, внатрешност на зглобови, зад ушите или градите). Избегнувај нанесување на мирисот директно на нежни материјали или накит, бидејќи може да ги оштети.

Versace

Основана во 1978 година, Versace е италијанскa модна куќа основана од Gianni Versace, која продолжува со својата работа до денешен ден под раководство на разни членови на неговото потесно семејство по неговата прерана смрт во 1997 година. Дебитирајќи со линија на облека за жени, куќата постигнува инстантен успех кој бил проследен со линија на облека за мажи , а потоа и со отворање на првиот бутик во Милано следната година. Творејќи под влијание на современиот уличен живот, филмовите, уметноста, како и класичната грчка и римска историја и дизајн, Versace станува омилен меѓу славните личности, а брендот често ги користел богатите и славни џет-сетери во своите рекламни кампањи. Неговите раскошни ревии биле вистински настани и всушност на Versace често му се препишува заслугата за создавањето на “супермодел” феноменот на деведесеттите години. Versace Couture, главната линија на куќата, произведува и дистрибуира мода и производи, како што се накит, аксесоари, парфеми, козметика и мебел. Versace парфемите датираат уште од самиот Gianni кога во 1981 го создал неговиот мирис за жени и го нарече по себе – Gianni Versace.