Sale
Yves Saint Laurent L´Homme Eau de parfum
Price range: 4.995,00 ден through 9.280,00 ден
L’HOMME парфемската вода е посветена на мажот кој е секогаш подеднакво ноншалантен и привлечен и кој знае што значи да биде верен на себеси. Наместо виртуелни врски, тој копнее за вистински емоции. Топлината на нотите бурбон во симбиоза со горчината на портокалот, повторно го открива култниот дрвенест потпис во уште посилната, интензивна верзија: L’HOMME парфемска вода.
Софистицирана мешавина од горчлив портокал, проткаена со благородна срцевина од ветивер од Хаити и уникатна иновативна состојка, инфузија од даб.
- За брендот
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.








