Yves Saint Laurent Libre Berry Crush Eau de parfum

Price range: 6.610,00 ден through 12.420,00 ден

SKU: 1946-1-1

Реинтерпретација на култната цветна лаванда на LIBRE, збогатена со неодолива сочност на малина.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Опис

Ти го претставуваме LIBRE BERRY CRUSH Eau de Parfum, новиот овошно-цветен мирис. Вкусна реинтерпретација на препознатливиот цветен лаванда потпис на LIBRE, збогатен со неодолива сочност на малина, создадена од мастер парфимерите Anne Flipo и Carlos Benaïm.

Со LIBRE BERRY CRUSH, слободата има вкус. Препознатливата флорална срцевина на иконата, сега експлодира со овошна интензивност, капејќи се во младешката, секси-сочна слаткост на малина. Киселкастата малина е потопена во секси ледениот цветен потпис на LIBRE, кој спојува освежувачка лаванда од Франција, со сензуален цвет од портокал од Мароко. Оваа живописна мешавина беспрекорно се топи во кремастата нота на кокос, балансирајќи свежина со неодолива топлина и зависно уживање. Моќниот концентриран екстракт од бурбон ванила од Мадагаскар, специјално направен за YSL Beauty, го интензивира гурманскиот раскош. Сладок, но смел, уживачки, но возбудлив, LIBRE BERRY CRUSH е новиот мирис доволно добар да го изедеш*.
Рефлекција на незаситната глад на LIBRE жената за слобода.

Високата мода се сретнува со задоволството, LIBRE BERRY CRUSH ја нуди новата мирисна композиција во нова, ултраслатка боја. Обоен во нијанси на бобинки, шишето е живописна скапоценост – бојата на малината, нагласена од митското Cassandre лого на YSL во златна боја.

Вкуси* го првиот овошен LIBRE.

LIBRE BERRY CRUSH Eau de Parfum, by Yves Saint Laurent Beauty.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на пулсни точки: зглобови, внатрешноста на лактите и вратот.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Предупредување: Запалив гас.
Чувај го подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други запаливи извори. Пушењето е забрането.
Предупредување: Предизвикува сериозна иритација на очите.

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.