Yves Saint Laurent Y L’Elixir Parfum Concentré

9.830,00 ден

SKU: 1839

Еликсирот е наjинтензивната и наjчистата форма на парфем. Редок е, скапоцен и содржи висококвалитетни состоjки, кои се уште поконцентрирани отколку во Eau de Parfum или Parfum. Y L’ELIXIR е подрвенеста, позачинета интерпретациjа, поконцентрирана и посензуална од Y Eau de Parfum, иако секако jа зачувува своjата оригинална ДНА. Неговата единственост лежи во структурата chiaroscuro*. Горните ноти се засилени, многу свежи, со експлозивни зачини. Наспроти тоа, основата е многу потемна, а вистинската новост е дополнувањето од oud, главната состоjка на оваа нова композициjа. Гераниумот, клучната состоjка во структурата на Y, е состоjка коjа е ексклузивна за Y L’Elixir и добиена од Ourika Community Gardens (градините на YSL Beauty).

*Италијански термин кој означува силни контрасти на светло и темно

Yves Saint Laurent

Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година.  Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.