-25%
Yves Saint Laurent Y Le Parfum Renovation
Price range: 4.960,00 ден through 7.570,00 ден
Прегрни ја ноќта со смелиот и интензивно-сензуален Y Le Parfum, кој содржи иновативна нота на бор.
- Опис
- За брендот
Опис
Мирисна фамилија: Fougère-Килибарен-Дрвенест
Клучни ноти: Нота на бор, нота на гераниум, апсолут од балсам од ела, масло од пачули
За мирисот: YSL Y Le Parfum е смела нова верзија на култниот Y мирис, ноќно истражување на мажественоста отелотворена од страна на легендарниот музичар, Lenny Kravitz. Поконцентриран и поинтензивен од неговиот претходник, Y Le Parfum го претставува мажот кој не само што ги постигнал неговите соништа, туку константно ја редефинира неговата цел и ги инспирира другите. Ова не е само амбиција, туку бестрашно мајсторство и тивка самодоверба, симболизирана од моќната средба помеѓу мажот и змијата во рекламната кампања за мирисот.
Опис на мирисот: Мастер парфимерот Dominique Ropion изработи високо-освежителен и интензивно-топол мирис, изграден околу иновативната употреба на бор. Оваа впечатлива вертикална структура, дава контраст помеѓу високата свежина и длабоката, сензуална основа.
Мирисот се отвора со ултра-свежи “бели“ ноти, каде бергамот и зачинетоста на ѓумбирот создаваат ароматична експлозија. Срцевината открива иновативна нота на бор, уникатна мешавина од свежи борови иглички и сензуален балсам од ела, нудејќи модерна страна на мажествената свежина. Овие ноти се дополнително засилени од нота гераниум, состојка одлична да ја долови свежината на листовите гераниум во прецизен момент во Ourika Community градините на Yves Saint Laurent . Во контрастот, “темните“ ноти ја интензивираат ноќната тематика. Апсолутот од балсам од ела, со неговите привлечни, килибарни и смоласти страни, создава сензуална длабочина. Тој е приземјен со земјените и дрвенести тонови на есенција од пачули, типична rock ‘n’ roll нота, додавајќи слој на бунтовна софистицираност.
За шишето: Препознатливото Y шише, дизајнирано од Suzanne Dalton, е повторно осмислено во длабока сина боја, рефлектирајќи ја ноќната инспирација за мирисот. Металик сребреното Y кое го пресекува квадратното шише, останува впечатлив елемент во дизајнот, техничко дело кое го трансформира шишето во предмет на желба.
Yves Saint Laurent
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.










