Филтер

Прикажувам 25–31 од 31 резултати

, ,

Boss The Scent Le parfum Parfum

Почувствувај ја моќта на привлечноста со BOSS The Scent Le Parfum за неа. Оваа интензивна реинтерпретација на препознатливиот килибарски потпис на BOSS The Scent, ги разгорува сетилата со привлечен цвет од портокал и ноти на ветивер, ослободувајќи алхемија на привлечност на која е невозможно да се одолее.

Зачинетите горни ноти на розев бибер, контрастирани со преголема доза цвет од портокал во срцевината на мирисот, ја поставуваат сцената за совршена бура на заведување. Топлиот ветивер судирајќи се со воздушното акигала дрво во основата, ја интензивира сензуалноста на овој мирис.

Шишето во облик на скапоцен камен со елегантна обоеност во нијанса на слива, е комплетирано со рефлектирачко капаче со розево-златен завршеток. Претставен во кутија обоена во длабока нијанса на слива, BOSS The Scent Le Parfum за неа е моќен мирис кој ја носи заводливоста во една сосема нова димензија.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 5.440,00 ден through 7.740,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , ,

Boss Bottled Eau de parfum

BOSS Parfums го претставува Eau de Parfum на BOSS Bottled фамилијата мириси и открива нов смел правец за Мажот на денешницата: Биди тоа што си. Што тебе те прави посебен? Во свет каде патот до самоисполнувањето е поразновиден од кога и да било претходно, секој маж е слободен да биде личноста која сака да биде. Со лансирањето на новиот BOSS Bottled Eau de Parfum, BOSS го кани секој Маж на денешницата да сподели што него го инспирира, неговите страсти и вредности, и како тој тежнее кон неговите цели и сонови.

Рафинирана дрвенесто-зачинета композиција, креирана од мастер парфимерката Honorine Blanc, BOSS Bottled Eau de Parfum носи нова интензивност на топлината и динамичноста на безвременскиот и препознатлив BOSS Bottled. Експлозијата од јаболко и бергамот, контрастирана со есенција од црн бибер, ги буди сетилата. Зачинетата срцевина се развива
со ноти на привлечен костен, кардамом и масло од цимет, кои водат кон основните ноти составени од темен ветивер и мошус, со цел да дадат “пригушена“ трага на кожата.

Култното BOSS Bottled шишенце, сега прикажува џус обоен во сива боја со топли нијанси на костен, рефлектирајќи ги длабоките мажествени тоналитети на Eau de Parfum. Капачето во златна боја додава рафиниран завршеток. Нудејќи моќен баланс од сила и софистицираност, оваа благородна композиција е создадена за амбициозните мажи подготвени да се соочат со секој предизвик кој ќе им наиде на патот.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 6.070,00 ден through 7.990,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss Alive Eau de parfum

Создаден целосно од жени, за жените, BOSS Parfums ни го открива ALIVE, мирис за жени кои прават смели потези. Независни, елегантни и моќно женствени, жените кои го претставуваат духот на ALIVE, разбираат дека спонтаноста и среќата се исто толку важни за нивната приказна, како и посветеноста и фокусот. Тие знаат дека да се биде вистински кон самите себе, е нивната најголема сила.

Во кампањата за овој парфем, учествуваат четири светски таленти: Emma Roberts, Bruna Marquezine, Laura Harrier и Chloe Bennet. Кампањата нуди уникатна перспектива за искуствата кои прават тие да се чувствуваат живи.

ALIVE е овошен и дрвенест парфем, креиран од реномираната парфимерка Annick Ménardo, како женски придружник на култниот BOSS Bottled машки мирис. Разигран мирис, ALIVE е дизајниран да ги инспирира жените да го живеат животот до максимум секој ден. Мирисот се развива преку ноти на енергетско јаболко, остар мирис на црна рибизла, слива, како и топол цимет, кој го потсетува оној што го носи дека животот најдобро се живее динамично. Дополнувањето од природна мадагаскарска ванила, станува маркер на парфемот, симбол на joie de vivre (радост на живеењето) кој ALIVE жената го поседува. Во флоралната срцевина, индискиот јасмин самбак во контраст со мајчина душичка ги обвиткува сетилата. “Столбот“ или основата на мирисот е составена од вибрантни и силни ноти на дрва, кои се всушност компонирани од ноти на кинеско кедрово дрво, нежно и кремасто сандалово дрво, маслиново дрво и златно дрво од Алјаска, кое нуди смирувачка топлина и сила која ја инспирира ALIVE жената да маршира во нејзин ритам.

Елегантното шишенце со архитектонски облик е дизајнирано од страна на германската изработувачка на накит, Amelie Riech. Тешкото стакло е врамено во златна рамка, цврст и опиплив потсетник дека среќата може да се најде во секој момент.

#FeelALIVE

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 3.740,00 ден through 5.485,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss The Scent Eau de parfum

Boss The Scent за неа зрачи со женствена елеганција, топлина и заводливост.

Овој мирис на експертски начин ја отсликува историјата на заведувањето, од привлечност, до заведување и конечно зависност, со неодолива и моќна комбинација на состојки.

Со заводливост во својата срцевина, мирисот ја рефлектира интеракцијата помеѓу двајцата протагонисти која станува сè поблиска, поттикната од почетната привлечност која постепено се расплетува, за да открие сензуален подтон со несомнено волшебна моќ.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 4.740,00 ден through 9.070,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss Ma Vie Eau de parfum

BOSS Ma Vie е инспириран од независниот дух на жената додека паузира за да се препушти на едноставните моменти во животот. Во овој момент, таа зрачи со женственост и самодоверба.

Овој парфем е изграден околу ноти на цвет од кактус, кои целат кон реинвенција и модернизирање на флоралните зелени ноти со нежен розев пресврт. Исклучителните состојки се внимателно балансирани, помешувајќи ја зелената свежина на цветот од кактус со рафинирани розеви флорални ноти, за да ја зголемат живописната сјајност на композицијата. Дополнувањето од кедрово дрво нежно го приземјува парфемот, без да ја изгуби неговата волшебна јасност. Резултатот ја слави силата и женственоста.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 4.430,00 ден through 7.740,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss The Scent Eau de toilette

Сите сетила играат важна улога во харизматичната појава. BOSS THE SCENT ги привлекува сите овие сетила и заведува со извонредна мирисна композиција.

Овој мирис фасцинира со ексклузивна состојка од Африка, а тоа е афродизијачкиот Maninka плод, кој потсетува на микс од маракуја и рум.

Во горните ноти, ѓумбирот го прави првиот бурен впечаток. Во срцевината, привлечниот мирис на манинка плодот и елегантниот мирис на лаванда, се развиваат на кожата во чиста сензуалност. Во основата, интензивните ноти на кожа, овозможуваат доза мажественост и оставаат траен, непогрешлив впечаток.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 5.820,00 ден through 6.390,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss Bottled Eau de toilette

Динамичен и безвременски, Boss Bottled е водечки машки мирис уште од своето лансирање во 1998 година. Со својата комплексна структура, мирисот е разновиден и богат со контрасти исто како и мажот на денешницата. Има остра и дрвенеста база, која го издржа тестот на времето и остана дел од секојдневната рутина на современиот маж. Овошните и цитрусни ноти на јаболко, лимон и слива во горните ноти, создаваат рамнотежа со цветната и зачинета срцевина во која доминираат здравец зачинет со каранфилче и цимет. Базата е затоплена со сандаловина, кедрово дрво и примеси на ванила, создавајќи софистицирана обвивка околу останатите состојки.Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци 

Price range: 2.873,00 ден through 4.739,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page