Филтер

Прикажувам 145–161 од 161 резултати

, ,

Lacôme Monsieur Big Waterproof Volume Mascara водоотпорна маскара за инстантен и интензивен волумен 10ml

ИЗГЛЕД НА ВОЛУМЕН ЗГОЛЕМЕН ЗА 12 ПАТИ: Четката на волуменозната маскара дава резултат за подебел изглед на трепките како никогаш порано и тоа уште при првото нанесување. ГОЛЕМА МЕКА ЧЕТКА: Четкичките на Monsieur Big Маскарата се изработени од меки влакна, кои ги прегрнуваат вашите трепки со пријатна мекост и обезбедуваат непречена примена, истовремено раздвојувајќи ги и поткревајќи го изгледот на трепките. НЕ ПРАВИ ГРУТКИ, НЕ СЕ РАЗАМАЧКУВА, НЕ ОСТАВА ТРАГИ: Формулата лесно се лизга на трепките. Нејзините темни пигменти создаваат ултра црн интензитет. • Голем волумен: изглед на волумен зголемен до 12 пати од природните трепки • Не се згрутчува и не се размачкува: 24 часовна маскара отпорна на размачкување • Интензивна боја: ултра црна • Лесна и мека апликација • Тестирана под офталмолошка контрола • Погодна за чувствителни очи и за лица со контактни леќи 

2.900,00 ден
Додај во кошница
,

Lancôme Rose Sugar Scrub нежен хидратантен пилинг за лице, за сите типови кожа 100мл

Смела шминка, недостиг од сон, пребукирана агенда, стрес, брз начин на живот… Твојата кожа е уморна и без сјај.  За инстантно помазна кожа, пробај го нашиот пилинг.
Содржи зрнца шеќер кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и ја прават мазна и изедначена. Збогатен е со мед од багрем и вода од роза, кои ѝ даваат чувство на удобност и еластичност.

Начин на користење:

1. Отстрани ја шминката и нечистотијата со Eau Micellaire Confort.
2. Нанеси мала количина од пилингот на исчистена влажна кожа.
3. Масирај нежно со кружни движења 1 минута: овој лесно загревачки пилинг е збогатен со кристали од природен шеќер кои инстантно се топат на кожата.
4. Исплакни темелно со млака вода.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Кожата инстантно се чувствува мазно, удобно и пополнето.

3.020,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Absolue Crème Riche ревитализирачка и осветлувачка дневна крема за лице 60мл

Богата крема за лице со уникатна трансформирачка текстура, која видливо ги намалува брчките и фините линии, истовремено подмладувајќи ја кожата со цврстина, сјај и 24 часовна хидратација. Направена со ексклузивна мешавина од екстракти од рози (Lancome Rose™, Centifolia Rose и Rose Damascena), оваа крема видливо ја ревитализира кожата со влажност и цврстина. Нејзината уникатна текстура нуди сензоријално патување како што се трансформира: од густа хидратантна крема до лесен лосион како серум, до густ слој кој ја пополнува кожата со влажност. Брчките и фините линии се видливо намалени, а кожата е помазна, посветла, посјајна, поизедначена и со подмладен изглед. Обновата на површинските клетки на кожата е подобрена, а бариерата на кожата заштитена.

Начин на користење:

Нанеси рамномерен слој на чиста и сува кожа. Пред нанесувањето, кремата има густа текстура. Како што се нанесува, текстурата на кремата се трансформира во текстура налик серум која лесно се апсорбира во кожата. Како се впива во кожата, текстурата се згуснува и кожата добива поизедначен и хидриран изглед со блескав завршеток.

Главни придобивки:

Против стареење, осветлува, обновува.

Каков тип проблем таргетира:

– Ефективно потхранува и ја ревитализира кожата
– Ја прави кожата поцврста и позатегната, ги намалува брчките и ситните линии
– Го изедначува тонот на кожата и обезбедува здрав и сјаен изглед
– Ја штити кожата од сушење и непријатно затегнато чувство
– Ја одржува кожата мека, еластична и хидрирана
– Лесно се апсорбира и остава чувство на удобност

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

20.080,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Rénergie Multi-Lift ноќна крема против стареење со лифтинг ефект 50мл

Lancôme е во процес на промена на пакувањето на овој производ. Без разлика дали пакувањето е ново или старо, формулата на кремата е идентична во двете верзии.
Оваа интензивна ноќна крема за лице и деколте со лифтинг ефект, отсега во ново стаклено пакување. Составот комбинира хијалуронска киселина, екстракт од лен и 6 различни липиди кои делуваат во текот на ноќта, кога процесот на регенерација на кожата е најактивен. Од ноќ во ноќ, откриј видливи резултати на својата кожа во поглед на зацврстување и намалување на видливоста на брчките.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

9.970,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Hydra Zen Nuit Anti-stress ноќна хидратантна анти-стрес крема за лице за сите типови кожа 50мл

Ноќната анти-стрес крема Hydra Zen ја напојува кожата со влажност секоја вечер. Ноќната крема ја хидрира и смирува кожата, обезбедувајќи ѝ свежина.

Начин на користење:

Нанеси на темелно исчистено лице и масирај со кружни движења. Користи ја редовно секоја вечер.

Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

5.800,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Hydra Zen Anti-Stress хидратантна анти-стрес крема за лице за сува кожа 50мл

Hydra Zen Anti-Stress кремата ја смирува кожата со нејзината густа навлажнувачка текстура, штитејќи ја од надворешни влијанија како што се ветер и климатизација, кои можат да влијаат на кожата и да предизвикаат дехидрираност. Меката текстура лесно се апсорбира. Ја хидрира и смирува кожата, правејќи ја мека, мазна и видливо сјајна.

Начин на користење:

Нанеси ја кремата наутро, на претходно темелно исчистена кожа.

Главни придобивки:

Хидрира, осветлува, анти-стрес.

Каков тип проблем таргетира:

Кожата е навлажнета.
Кожата се чувствува помека и смирена.
Кожата е помазна.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

5.160,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Génifique активирачка дневна крема за лице за сите типови кожа 50мл

Започни го патувањето кон кожа која изгледа помладо, со Génifique кремата на Lancôme, богата секојдневна крема за лице која промовира видливо помлад изглед на кожата. Таргетирај ги знаците на стареење со оваа кадифесто мека текстура, која обезбедува долготрајна влажност, овозможувајќи ѝ на кожата чувство на мекост. Покрај хидратацијата, го враќа и природниот сјај на кожата, а обезбедува и помазен и изедначен тен.

Користиј ја заедно со бр.1 серумот на Lancôme – Advanced Génifique Serum, за да ја комплетираш твојата рутина за нега на кожа против стареење.

Начин на користење:

Секојдневно нанесувај ја кремата по нанесување на серум-активаторот за лице – Génifique Youth Activating Concentrate, за кожа која изгледа помладо и се чувствува помазно.

За видливо подмладена контура на очите, користи ја во комбинација со Génifique Yeux Light-Pearl™

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Original price was: 7.310,00 ден.Current price is: 5.480,00 ден.
Додај во кошница
,

Lancôme Bocage рол-он деодорант без алкохол 50мл

Овој рол-он е практичен и лесен за употреба. Остава прекрасно чувство на свежина и ефективна заштита која трае. Формула без алкохол, наменета за мажи и жени.

Начин на користење:

Нанесувај од производот под пазувите секое утро за дневно чувство на заштита.

1.980,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Crème-Mousse Confort кремасто-пенест чистач за лице со екстракт од шипка и вода од роза за сува кожа 125мл

Crème Mousse-Confort има богата кремаста текстура и иновативна формула збогатена со масло од шипка и смирувачка вода од роза, која ја негува и чисти кожата од нечистотии. Кожата е мека на допир, без чувство на затегнатост. Наменет за сува кожа. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден и за чувствителна кожа.

Начин на употреба:

Пената за чистење Crème-Mousse Confort ќе ги отстрани сите нечистотии со користење наутро и/или навечер. Нанеси мала количина од производот на дланката, направи богата пена и нанеси на влажно лице. Масирај со кружни движења, со што ќе поттикнеш длабинско чистење и микроциркулација. На крајот, исплакни со вода.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Удобно искуство на чистење на кожата, без чувство на сушење.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

3.020,00 ден
Додај во кошница

Lancôme Eau Micellaire Douceur мицеларна вода со екстракт од роза за чистење на лице, очи и усни, за сите типови кожа 400мл

Eau Micellaire Douceur нежно ја ослободува кожата од нечистотии. Мицеларната технологија овозможува темелно отстранување на шминката, притоа обезбедувајќи експлозија од свежина. Нејзината нежна формула може да се користи и за темелно отстранување на шминката од очите и усните.
Погодна е за сите типови кожа, дури и за чувствителна.

Начин на користење:

На памучен туфер, нанеси од мицеларната вода и помини со него низ целото лице за отстранување на нечистотиите.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

4.530,00 ден
Додај во кошница
,

Lancôme Tonique Douceur омекнувачки и хидрирачки тонер за лице, за сите типови кожа

Комплетирај го твојот ритуал на чистење на кожата со освежувачкиот тонер за лице без алкохол – Lancôme Tonique Douceur.

Овој тонер за сите типови на кожа, е збогатен со билни екстракти, и нежно ја тонира и рафинира текстурата на кожата, отстранувајќи ги сите преостанати нечистотии.

Ја подготвува кожата за твојата дневна рутина за убавина.

Начин на користење:

Стави мала количина од тонерот на памучен туфер и помини со него низ целото лице за помек и порафиниран изглед на кожата. Употребувај го наутро и навечер.

Главни придобивки:

Ја тонира кожата.

Каков тип проблем таргетира:

Ја чисти кожата, истовремено омекнувајќи ја и хидрирајќи ја.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Price range: 2.380,00 ден through 4.530,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Lait Galatée Confort млеко за отстранување шминка со мед и масло од сладок бадем за сува кожа 200мл

Овозможи и задоволство на кожата со нежното млеко за чистење на лице за сува кожа, Galatée Confort.

Посебно формулирано за сува кожа, ова млеко ги отстранува нечистотиите и ја смирува кожата. Збогатено е со мед, екстракт од бадем, квасец, житарки и млечни протеини.

Со својата богата кремаста текстура, Galatée Confort ја хидрира кожата, ја прави свиленкасто мека и мазна на допир.

Начин на користење:

Користи го наутро и навечер. Нанеси го со нежни движења од средишниот дел на лицето кон надвор (чело, образи и брада). Заврши во Т-зоната и на побрадокот.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Ја остава кожата исчистена, свиленкасто-мазна и смирена.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

3.020,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Bocage нежна деодорант крема за чувствителна кожа 50мл

Оваа крема-деодорант е практична и лесна за употреба. Остава прекрасно чувство на свежина и ефективна заштита која трае. Формула наменета за мажи и жени.

Начин на користење:

Нанесувај од производот под пазувите секое утро за дневно чувство на заштита.

1.980,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme La vie est belle Intensément L'Eau de parfum intense

Среќата е вибрација која живее во секој од нас. Таа е минлива, но интензивна. Брза, но силна. Таа е тука и сега. За Lancôme, да се биде среќен е пред сè состојба на умот. Инспириран од оваа визија, брендот нуди ново поглавје на својот култен мирис La Vie est belle. Страстен здив.La Vie est belle Intensément вдахнува нова енергија на култниот оригинален парфем. Нов, интензивен гурмански мирис, кој го комбинира препознатливиот цвет на La Vie est belle, ирисот, со сензуални ноти на ванила. За прв пат, култната кристална насмевка открива џус во интензивна фуксија боја. Разиграна и блескава роза евоцира срце кое чука во ритамот на силни емоции. Оваа експлозивна креација го доловува огнот кој гори во оние кои живеат според оваа суштинска мантра: мојата среќа е тука и сега. Во срцевината на овој нов опус, ирисот – препознатливиот цвет на La Vie est Belle, е искомбиниран со сензуални ноти на ванила, со цел да се искомпонира препознатливо дуо. La Vie est Belle Intensément се отвора со еуфорична енергија од бергамот, розов бибер и нота на малина, а потоа се развива во сензуален и кадифест цветен букет. Поттикнат и возвишен од дуото составено од ирис и ванила, кко што поминуваат часовите, тој открива неодолива сила на привлечност. Почувствувајте ја среќата во секој момент.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци 

Original price was: 12.170,00 ден.Current price is: 7.910,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Idôle Eau de parfum for women

Lancôme Idôle е модерен, софистициран, елегантен парфем кој ја отсликува современата жена. Самиот мирис го носи оној допир на свежина што ѝ е потребен на секоја жена за нов, убав, инспиративен и динамичен ден. Lancôme Idôle е креиран од тројца извонредни парфимери: Shuamala Maisondieu, Adriana Medina и Nadege Le Garlantezec.

Карактеристично за Lancôme Idôle е тоа што шишенцето има практичен и модерен дизајн, тенок само 15мм кое може да се стави во сечија женска чанта.

Парфемот се отвора со почетни ноти на бергамот и круша, во срцевината доминираат турската и мајската роза, придружени со индиски јасмин кои го отсликувааат Lancôme како бренд. Во крајните базни ноти парфемот се затвора со ноти од бел мошус и ванила.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 5.110,00 ден through 11.020,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme La Nuit Trésor L'Eau de parfum

La Nuit Trésor е мистична аура која содржи комбинација од ноти кои не можат да се пронајдат во друг парфем. Парфемот ја раскажува приказната за неочекуваната средба на рози и орхидеи од едната страна и ванила од Тахити од другата страна. Разновидноста на овие два цвета се спојува во совршено избалансирана хармонија на овој специфичен и препознатлив мирис. Овој спој на мирисни ноти е израз на мирисна заводливост, мистерија и страст кој не води низ мистичниот свет на темјанот до таинствените длабочини на пачули зачинети со смола и папирус.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци 

Price range: 5.690,00 ден through 8.680,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme La vie est belle L'Eau de parfum

Рашири ја среќата со La vie est belle, најпродаваниот мирис на Lancôme. Инкарниран од Julia Roberts, La vie est belle е универзална изјава за убавината на животот. Уникатниот мирисен потпис е создаден од тројца водечки француски парфимери.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Price range: 5.690,00 ден through 9.970,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page