L’Oréal Professionnel е иницијатор во создавање трендови во полето на фризерството, соработувајќи со најпознатите светски стилисти кои можат да се видат во бекстејџ на модните ревии во Њујорк, Париз, Лондон, Милано. L’Oréal Professionnel е врвен професионален бренд за козметика на коса кој има француско потекло.
Историјата на брендот L’Oréal Professionnel датира од 1909 година, кога францускиот хемичар Eugène Schueller ја создава првата благородна боја за коса, а потоа основа и компанија која со своите производи го носи парискиот стил низ целиот свет. Од 2012, L’Oréal Professionnel станува официјален партнер на париската модна недела, а ревиите стануваат незамисливи без овој бренд. Научниците кои работат во лабораториите на L’Oréal, постојано развиваат иновативни технологии и нови ексклузивни услуги, благодарение на кои брендот е секогаш еден чекор пред сите останати.
Во широкото портфолио на L’Oréal Professionnel производите за коса, може да најдете шампони наменети за секој тип на коса, производи за професионален стајлинг, производи за длабока нега на оштетена коса, како и L’Oréal Professionnel Source Essentielle природна нега.
Третирај ја косата со производите на L’Oréal Professionnel затоа што тие се секогаш прв избор на стилистите за коса низ целиот свет.