Maison Margiela мирисите ексклузивно достапни во Елискир ТЦ Рамстор и онлајн на www.e-elixir.mk

Maison Margiela е француска модна куќа, основана во Париз во  1988 г. oд белгискиот дизајнер Мартaн Маржела. Мажествени и женствени, мирисите се подеднакво наменети за  двата пола. Куќата има општ пристап кон деконструкција, реновирање и редефинирање на силуети на машка и женска облека. Од 2012 г. Maison Margiela ја добива официјалната ознака  „Haute Couture“ или ознака за ,,Висока мода”  од Француската модна федерација за својата колекција, насловена како „Artisanal“. Во 2014 г. британскиот дизајнер Џон Галиано е назначен за креативен директор.

Во 1994 година, Maison Margiela ја создаде „Replica“, колекција на облека и додатоци инспирирана од облеки собрани од целиот свет и избрана поради универзалноста и безвременоста на нивниот стил и историја. Секоја облека е идентично репродуцирана и означена со обична бела етикета што го означува нејзиното потекло, период и стилски опис. Инспирирани од колекцијата облека и додатоци, мирисите на Replica доловуваат спомени што сите ги споделуваме. Секој мирис веднаш буди слики, впечатоци и позитивни емоции кои ја рефлектираат и колективната и нашата лична историја.

 Мирисите Replica се достапни ексклузивно во парфимерија Еликсир ТЦ Рамстор и онлајн на www.e-elixir.mk во 14 различни мирисни композиции: By The Fireplace, On A Date, Jazz Club, When The Rain Stops, Whispers In The Library, Springtime In A Park, Matcha Meditation, Under The Stars, Bubble Batch, Coffee Break, Lazy Sunday Morning, Sailing Day, Beach Walk и Flower Market.

@maisonmargielafragrances #smellslikememories

JC
LSM
CB
Maison Margiela Replica Lazy Sunday Morning тоалетна вода за жени

Зимата дојде и надвор снежи, но ти си засолнет внатре и уживаш покрај каминот. Завиткан во ќебе, му се восхитуваш на грациозниот танц на пламенот и ја чувствуваш аромата на топол чад од дрвото кое гори, и пријатната, суптилна арома на печени костени.

Maison Margiela Replica By the Fireplace тоалетна вода за мажи и жени

Сонцето ѕирка низ завесите на прозорецот, потсетувајќи те дека е веќе утро. Обвиткан во чисти, бели памучни чаршави, уживаш во почетокот на денот останувајќи во креветот малку подолго.

Maison Margiela Replica On A Date тоалетна вода за мажи и жени

On a date ја доловува пенливата и привлечна овошност на зрело грозје потопено во топлите зраци на сонцето, и деликатниот, но сепак одлучен карактер на дивата роза. Нотите на розата и богатите, интензивната и текстурирана срцевина од црна рибизла, ја пренесуваат возбудата на совршениот состанок, додека пачули му дава на мирисот сензуален и магнетичен дрвенест потпис.

Maison Margiela Replica Jazz Club тоалетна вода за мажи
Влегуваш во џез клуб. Поминуваш покрај неколку барски столчиња, се опушташ во удобната фотелја и уживаш во аромата на свежи коктели и цигари, придружени со мелодични звуци на џез музика.
Maison Margiela Replica Whispers in the Library тоалетна вода за мажи и жени
Десетици илјади книги на стотици полици во прекрасна стара библиотека каде се чувствувате магично загубени… но и најдени. Совршено исполирано античко парче дрво. Успорувањето на времето помеѓу книгите и шепотот на свртените страници.
Maison Margiela Replica Under the Stars тоалетна вода за мажи и жени

Under the Stars ја доловува меморијата на ѕвездена ноќ помината во дивината на природата. Неговата безвременска мешавина од Oud есенција и резиноидните ноти на лабданум, потсетуваат на темна, мистична ноќ. Oud ги доловува мистериите на ноќта, бидејќи ова скапоцено дрво создава вонземски ефект кога гори. Во меѓувреме, лабданум е топла и килибарна состојка која ја доловува топлината на летно ветре кое ја гали кожата. Нотите на сирова и дива кожа, му носат на Under the Stars елемент на недопрена природа. Есенцијата од црн бибер го истакнува волшебното искуство на спојување со природата

Maison Margiela Replica Coffee Break тоалетна вода за мажи и жени

На студен ден, во странски град кој го посетуваш за прв пат, топлата светлина на кафулето е заводлива. Во кафулето, пријатната атмосфера и топлите ароми на свежо мелено кафе и вкусот на пенестото млеко, се просто божествени.