Emporio Armani Stronger With You Intensely Eau de parfum 50ml + гел за туширање 75ml
6.150,00 ден
Искуси ја магнетичната привлечноста на Giorgio Armani Stronger With You Intensely со овој празничен сет, кој го содржи прекрасен 50ml EDP и освежувачки гел за туширање во 75ml.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Ослободи неодолив и страстен интензитет со овој празничен сет со Giorgio Armani Stronger With You Intensely, привлечна колекција дизајнирана за модерниот маж кој го живее животот мксимално и ги негува длабоките врски. Ова прекрасно дуо содржи 50ml шише од длабоко зависниот Stronger With You Intensely Eau de Parfum и освежувачки Stronger With You гел за туширање во 75ml, нудејќи ти хармонично и богато мирисно искуство.
Giorgio Armani Stronger With You Intensely Eau de Parfum е килибарен fougère мирис кој отелотворува моќна и заводлива мажественост. Се отвора со уште поинтензивна и зависна мешавина од розев бибер, боровинка и темјанушка, инстантно привлекувајќи те. Срцевината на мирисот открива богат и гурмански акорд од карамела, цимет и жалфија, создавајќи топла, зачинета и неверојатно привлечна слаткост која е истовремено софистицирана и пријатна. Патувањето кулминира во моќна и сензуална база од ванила, килибарно дрво и тонка, оставајќи незаборавна и долготрајна трага која означува длабочина, страст и нераскинлива врска. Stronger With You Intensely е изјава за љубов, моќ и несовладлива привлечност на вистинската интимност.
Започни го твојот дневен ритуал будејќи ги сетилата со освежувачкиот Stronger With You гел за туширање. Неговата луксузна пена ја чисти и ревитализира кожата, оставајќи ја суптилно намирисана со магнетичните ноти на мирисот, подготвувајќи го телото за целосно мирисно искуство. Продолжи со Eau de Parfum за да ја продлабочиш интензивноста и да обезбедиш впечатливо присуство кое ќе се задржи на кожата преку целиот ден, но и вечерта.
Претставени во елегантно дизајнирана, празнична кутија, Giorgio Armani Stronger With You Intensely празничниот сет е исклучителен подарок за твојата сакана личност, или луксузен подарок за себе. Совршен начин да го прославиш духот на длабоката поврзаност и неоспорната привлечност оваа празнична сезона, отелотворувајќи го чувството дека моментите се навистина посилни кога се споделуваат интензивно.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи тоа може да го промени мирисот. Прскај го парфемот на оддалеченост од 15-20цм.
Нанеси мала количина од гелот за туширање на мокра кожа или сунѓер. Масирај на кожата со кружни движења, создавајќи пена. Исплакни темелно.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.





