Ralph Lauren Ralph’s Club Parfum парфем за мажи
Од: 7,110.00 ден
Дојди во Ralph’s Club, каде се сретнуваат иконите на стилот и културата. Ти претставуваме ново ниво на интензитет, Ralph’s Club Parfum, високо концентрирана интерпретација на Ralph’s Club за вистинските дисиденти на стилот. Свежа лаванда и зачинета доза кардамом, помешана со топлите, дрвенести тонови на пачули и ветивер. Состојките од природно потекло луксузно изработени за нивен најдобар квалитет, оставаат трага која те носи во ноќта. Автентичниот мажествен мирис евоцира богато и сензуално мирисно искуство. Откриј ја моќта на Ralph’s Club Parfum, најдобрата ноќ во твојот живот, преточена во мирис.
За брендот:
Ralph Lauren е американски моден дизајнер познат по неговата популарна Polo линија, но и по други линии облека, модни додатоци и украси за домот. Основана во 1967 година, првично нудејќи линија на машки вратоврски, компанијата рапидно расте во краток период и отвора свој бутик во стоковната куќа Bloomingdale’s во 1969-та и целосно своја продавница во Beverly Hills во 1971. Првата женска линија Polo е лансирана истата година.
Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.
Дополнителни информации
Бренд | |
---|---|
За мажи | |
милилитража | |
Категории на Парфеми | |
Горни ноти | |
Ноти во срцевина | |
Основни ноти |
Прегледи
Сеуште нема прегледи.