dg-k
dg k

Dolce&Gabbana K тоалетна вода за мажи

4,430.00 ден6,150.00 ден

За производот:

Dolce&Gabbana го претставуваат К by Dolce&Gabbana koj ja слави новата ера на маженственоста – вистина, лојалност и љубов. Композицијата на новото издание е дрвенеста-зачинска-цитрусна, а се отвара со блескавиот црвен портокал, лимон и цитрусни ноти кои оставаат простор на пикантните пиперчиња својата лутина да ја нагласат во срцето соединето со бобинки од смрека.

За брендот:

Dolce & Gabbana е италијанска луксузна модна куќа, основана во 1985-тата година од страна на италијанските дијзанери Domenico Dolce и Stefano Gabbana. Тие се сретнуваат во Милано во 1980 година каде тоа време дизајнираат и работат како асистенти за модниот дизајнер Giorgio Correggiari. По неколку години работа како колеги, во 1982 даваат отказ и отвораат свое дизајнерско консултантско студио, каде се уште дизајнирале за други брендови се додека не го основаат нивниот. Три години подоцна, во 1985 година во Милано е основан брендот Dolce & Gabbana, а истата година тие ја претставуваат и својата прва женска колекција. Првиот парфем на брендот е Dolce&Gabbana Pour Femme, кој е наречен еден од најдобрите парфеми претставени во последните 20 години. Синоним за италијанскиот гламур и сицилијанската традиција, Dolce & Gabbana нуди луксуз на еден модерен и неконвенционален начин, комбинирајќи ја силната иновација со медитеранскиот вкус. Dolce & Gabbana го преточува гламурот од нивните колекции на пистите, во сензуални мириси, црпејќи инспирација од медитеранските корени на брендот.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
Сподели

Информации

Бренд

За мажи

милилитража

,

Категории на Парфеми

Основни ноти

Горни ноти

, ,

Ноти во срцевина

,

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Биди првиот кој ќе го прегледа “Dolce&Gabbana K тоалетна вода за мажи”