- 40%

Calvin Klein Women парфем за жени

2,160.00 ден3,000.00 ден

За производот:

Првиот Calvin Klein мирис под водство на новиот креативен директор на модната куќа, Раф Симонс, беше лансиран на пазарот во август 2018 година едноставно наречен Calvin Klein Women. Концептот за истиот Симонс го пронаоѓа во својата страст кон фотографијата, инспириран од силата на жените. Композицијата ветува цветно-дрвенест мирис од иновативен карактер, за чие создавање се заслужни парфумерките Honorine Blanc и Annick Menardo. Инспирацијата доаѓа од убавината, експресивноста и силата на женскиот поглед. Мирисот комбинира свежи, кисели ноти со цветна срцевина и основа составена од дрвенести ноти. Нотата на еукалиптус, необична состојка за композиција на женски парфем, е избрана со цел да претстави сила и карактер. Горните ноти на мирисот се составени од ноти на еукалиптус, бибер и цитруси. Срцевината е составена од ноти на цвет од портокал, магнолија и јасмин, додека основата од кедар, темјан и амброкс. Заштитни лица на новиот парфем се актерките Lupita Nyong’o и Saoirse Ronan, како и жените на кои тие лично им се восхитуваат – Eartha Kitt и Katharine Hepburn за Lupita и Nina Simone и Sissy Spacek за Saoirse.

За брендот:

Calvin Klein е американски моден бренд, основан од страна на Calvin Klein кон крајот на 1960-тата година. Брендот е познат по својот минимализам и класичен стил. Денес, брендот Calvin Klein е светски познат по неговите фармерки, колекции во опуштен стил, колекциите долна облека и парфеми. Логото на компанијата “cK” е исто толку препознатливо како и името на брендот, и краси многу производи во неговата линија. Првиот парфем на компанијата, Calvin, е лансиран во 1981 година. Оттогаш, Calvin Klein лансираше серија успешни парфеми, кои според многумина, го зачуваат духот на декадите во кои тие биле лансирани, вклучувајќи го и Obsession (1985 for Women, 1986 for Men), сK One (еден од првите унисекс мириси, претставен во 1994 година) и Euphoria (2005 for women, 2006 for Men). Дизајнерот Calvin Klein брои 142 парфеми во неговото портфолио на мириси. Најстaрото издание е од 1978 година, додека најновото од 2017.

Категорија на производот:

На залиха
30ml50ml
Исчисти
- +
SKU: 754 Категории: , ,

Доплонителни информации

Брендови

Calvin Klein

За Жени

Парфеми

милилитражи

30ml, 50ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Calvin Klein Women парфем за жени”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори