CHL NOM ABSOL 20 EDP 50ml
CHL NOM ABSOL 20 EDP 50ml + pack
CHL NOM ABSOL 20 E-COM CPV SQUARE
4
5
6
7

Chloé Nomade Absolu парфем за жени

4,440.00 ден7,840.00 ден

За производот:

Chloé го лансира Nomade Absolu de Parfum, модерен мирис за независни, елегантни и авантуристички жени. Покана за едно поинтензивно бегство, Nomade Absolu претставува поинтензивна, опојна верзија на оригиналната композиција. Нотите на дабовата мов остануваат во вибрантната срцевина на Nomade, но тука откриваат неочекувана префинетост. Богатата текстура на слатката Mirabelle слива, носи сочна димензија на мирисот. Сензуалноста е засилена од овошните, ароматични карактеристики на кадифестиот davana цвет. Основата на парфемот е затоплена од кремавиот, дрвенест карактер на сандалово дрво. За оваа интензивна верзија, Nomade шишенцето е украсено со топли бои, рафинирани материјали и луксузни детали. Елегантните контрасти помеѓу графичките линии на грлото на шишенцето, златните украси и кожениот додаток во боја на лешник, прави ова шишенце да наликува на модните додатоци кои ги креира модната куќа.

За брендот:

Chloé е француска модна куќа, основана од дизајнерката Gaby Aghion во 1952 година. Родена во Египет, Aghion се сели во Париз во 1945 година, каде ја основа Chloé неколку години подоцна. За разлика од формалната облека правена по мерка, која се нудела од модните дизајнери во 50-тите години, Chloé одбира да создава мека облека, погодна за носење, создадена од луксузни ткаенини. Aghion останува со компанијата, се додека истата не е продадена во 1985 година. Серија престижни дизајнери поминале низ компанијата во текот на годините, вклучувајќи ги и Karl Lagerfeld и Stellа McCartney. Првиот мирис на Chloé, истоимениот Chloé, лансиран во 1975 година, е оригинален мирис, кој буди чувство на класика. Компанијата го задржува современиот стил со лансирањето на новата верзија на Chloé во 2008 година, дизајнирана да ги привлече младите жени со модерен вкус. Портфолиото на Chloé се состои од 28 мириси. Најстарото издание е од 1975 година, додека најновото од 2017.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
SKU: 990 Категории , Tag:
Сподели

Информации

Бренд

За жени

милилитража

, ,

Категории на Парфеми

Основни ноти

, , , ,

Горни ноти

, , ,

Ноти во срцевина

, , ,

Прегледи

Сеуште нема прегледи.

Биди првиот кој ќе го прегледа “Chloé Nomade Absolu парфем за жени”